Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа совршениот маж според мажите и жените?

Во речиси секој филм кој го гледаме, на девојките привлечни им се оние атлетските типови на мажи со дефинирани мускули, мистериозен поглед кој ги знае сите наши најдлабоки тајни и нозе како да се олимписки спортисти.

kako-izgleda-sovrsheniot-maz-spored-zenite-i-mazite-001.jpg

Секако тоа потекнува од типот на глумци кои се појавуваат. Примери за овој изглед се: Бред Пит, Крис Хемсворт, Крис Прет и уште многу други познати глумци.

Реалноста е сосема поинаква. Бред или Крис не се идеални типови на мажи според жените.

Според едно истражување направено од британската компанија за облека Jacamo, 72% од жените во Велика Британија всушност го преферираат мажи со просечен изглед.

Експериментот е направен на тој начин што било побарано и од мажите и од жените да опишат каков е идеалниот тип на маж според жените. Секако мажите да претпостават, а жените всушност да го опишат.

Во истражувањето дури 62% од мажите претпоставиле дека идеалниот тип на маж за жените е оној кој ја има косата на Џастин Бибер, ликот на Џерард Батлер, рацете на Хју Џекман, стомачни на Дејвид Ганди и нозе на Кристијано Роналдо.

Од друга страна пак жените опишале сосема поинаква слика. Идеалниот тип на маж ја: има косата на принцот Хари, ликот на Џејмс Корден, рацете на Педи МегГајнес, стомакот на Бен Коен и нозете на Џонатан Рос.

kako-izgleda-sovrsheniot-maz-spored-zenite-i-mazite-1.jpg

Која верзија е поблиску до вашиот идеален замислен маж?

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg