Лето е, а нозете ви мирисаат? Еве 3 добри решенија
Кога по цел ден ќе ги соблечете вашите омилени балетанки или патики, големи се шансите да почувствувате непријатен мирис.
За да го решите или барем намалите овој проблем, не мора да ги фрлите сите чевли или да ги избледите со пречесто перење.
Ова се 3 решенија кои топло би ви ги препорачале.
Семоќна сода бикарбона
Во внатрешноста на чевлите ставете 1 лажица сода бикарбона и оставете ја да отстои преку ноќ. Наутро само истресете и исчеткајте го прашокот. Ќе бидете изненадени - нема да има ни трага од мирисот.
Етерични масла
Ако сакате дополнително да ги освежите чевлите, во празно шише со распрскувач помешајте малку медицински алкохол, вода и неколку папки освежително етерично масло. Промешајте и испрскајте ја внатрешноста. Важно е да не ги облечете чевлите пред целосно да се исушат.
„Полни“ чорапи
Во памучните чорапи секогаш може да ставите малку прашок за печиво, сода бикарбона или пченкарен скроб, па чорапите ставете ги во чевлата. Оставете ги да преноќат така. Утредента ќе забележите дека ги извлекле сите застојани мириси.
Имате уште некое веќе пробано решение?