Ако се препознаете во овие 25 знаци, тогаш живеете среќен живот
Често сме презафатени со секојдневните активности, па забораваме да си дадеме неколку минути за да уживаме во ситните победи.
Ако се препознаете во поголем дел од овие 25 знаци, тогаш живеете добар, среќен и исполнет живот:
1. Вашите врски се помалку драматични од претходно.
2. Можеби немате толку многу пари колку што сакате, но живеете исполнет живот.
3. Не се плашите да побарате помош и поддршка кога ви е потребно.
4. Каде и да живеете имате чувство дека сте дома, не се врзани за едно место.
5. Ги подигнавте своите стандарди, посебно оние духовните.
6. Се откажавте од работите заради кои не се чувствувате добро.
7. Имате моменти кога го цените она што го гледате во огледалото.
8. Свесно бирате позитивни мисли и го ограничувате критицизмот.
9. Научивте дека како што има успеси, така ќе има и падови во вашиот живот.
10. Имате повеќе пријатели кои го составуваат вашиот систем за потпора.
11. Често слушате „те сакам“ од пријателите, семејството и партнерот.
12. Го прифаќате она што не можете да го промените.
13. Не се жалите толку многу колку што сте оптоварени со пронаоѓање на решението.
14. Не ги кривите своите родители и ги прифаќате такви какви што се.
15. Престанавте да се грижите што мислат другите за вас.
16. Среќни сте заради бившите партнери на кои им тргна во животов.
17. Не завидувате и сакате кога славите туѓи победи.
18. Си дозволувате да почувствувате емоции и да ги поделите со другите.
19. Имате страсти кои ги следите и ентузијасти сте.
20. Во состојба сте да прифатите комплимент без да се плашите дека човекот сака нешто од вас.
21. Имате работи на кои секојдневно им се радувате.
22. Имате цели кои сте ги оствариле.
23. Емпатични сте кон луѓето и животните.
24. Чувствувате поврзаност со работата која ја работите.
25. Сакате длабоко и отворени сте за другите да ве сакаат.