Вежби за зајакнување на интуицијата
Добриот инстинкт ќе ви каже што да правите во одредена ситуација уште пред вашиот ум да сфати за што станува збор.
Правете ги редовно овие вежби додека не забележите промени кај вас при донесување на некои одлуки, преземање на ризик на работното место...
Овие вежби ќе ви ја наострат интуицијата:
Вежба број 1: Поврзување на сегашноста со минатото
Потсетете се на некој важен предмет од детството, тоа може да биде некоја омилена играчка, чаша за млеко или било што друго. Откако ќе почнете да размислувате, ќе сфатите колку асоцијации ви буди. Размислувајте подлабоко и ќе ги разбудите во вас истите чувства како во мигот кога го имавте тој предмет во рака.
Уште колку заборавени спомени во вас се пробудија при помислата на тој предмет? Еден цел мал свет и заборавен период од вашиот живот може да се разбуди од една необична ситница.
Вежба број 2: Зајакнување на здивот
Седнете или застанете во удобна положба, при тоа грбот мора да ви биде исправен. Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето додека вдишувате и издишувате длабоко 3 пати. Кога ќе станете свесни за дишењето, продолжете да дишете длабоко и со ритам како првите три пати.
Потоа, ставете го палецот на десната ноздра и затворете ја. Дишете длабоко и со ритам низ левата ноздра, потоа затворете ја левата и повторете ја постапката. Менувајте ја вежбата и повторете ја 10-тина па и повеќе пати. Оваа вежба ја користеле древните учители на јога и можете да ја правите во секој миг кога ви е потребно да ги разбистрите мислите. За брзо да ги отстраните менталните блокади и да и дозволите на интуицијата слободно да струи.
Вежби број 3: Асоцијации
Креативните идеи доаѓаат кога вашиот ум е слободен. Кога на првачиња им дале да ги дополнат гатанките, добиле духовите и вистинити продолженија: ако лаже козата...лаже и јарецот, кој на другиот му копа јама...ќе биде многу валкан, сложни браќа...на крајот се скаруваат.
Обидете се и вие со вакви вежби, бидејќи хуморот е еден од начините за развивање на интуиција. Пробајте се овие и пишете ги вашите дополнувања во коментари, па така ќе можете да правите споредби, но и преку хумор да ја развивате интуицијата:
- На лагата...
- Волкот го менува влакното...
- Испечи па...
- Колку луѓе...