„Луди инстаграмџии“ или „Селфаџии“: Кои повеќе ве нервираат на одмор?
Воопшто не е необично да очекувате да ги имате совршените слики од вашиот идеален одмор и секако да направите по некое селфи за Инстаграм, но до каде е границата?
Постојат неколку вообичаени работи кои многумина ги нервираат и дури може и да ви го уништат одморот кој сте го чекале цела година.
Интернет страната Teletex Holidays го истражувала Британското однесување за време на патувањата и доаѓа до интересно сознание.
Покрај оние „Луди Инстаграмџии“ постојат уште неколку типови на луѓе кои може да ги сретнете на одмор како што се „Подводните фотографи“ кои ги користат своите камери за да прават слики во базенот и оние Фејсбук покани за пријателство од „Социјалните ловци“ кои ве заопзнале неколку секунди пред поканата.
Еве ја листата на најтипичните однесувања:
1. Неуморно постирање на Инстаграм слики од секој оброк и пијалак е карактеристично за 32% од луѓето („Луди Инстаграмџии“).
2. Деца кои играат на таблети со најгласен звук се карактеристични за 31% од семејствата („Аpp детишта“).
3. Анти-социјална употреба на селфи стаповите е карактеристична за 28% од луѓето („Селфаџии“).
4. 25% од луѓето употребуваат блутут звучници во јавност („Подвижни звучници“).
5. 21% од луѓето постојано го употребуваат телефонот за разговори („Муабетџии“).
6. 12% ги нервираат оние кои се наоѓаат позади нив затоа што со постојано се наоѓаат пред туристичките атракции („Сликовни фанатици“).
7. 11% луѓето ќе се одлучат да ви испратат покана за пријателство на Фејсбук неколку минути откако ве запознале („Социјални ловци“).
8. 10% ги нервираат оние кои се наоѓаат позади нив затоа што со своите фотоапарати и таблети постојано им го попречуваат видот („Таблет туристи“).
9. 7% од луѓето времето го минуваат во фотографирање под вода во базенот од хотелот („Подводни фотографи“).
10. 6% ќе се одлучат и за дронови се со цел да направат воздушни слики од плашите кои ги посетуваат („Дронџии“).
Од друга страна постојат и типични навики кои се однесуваат на времето за поаѓање, купувањето на карти и многу други работи кои се врзуваат за летните одмори.
Британците имаат навика да купуваат „Во последен момент“ патувања пред се поради цената на аранжманите.
Дури на 19% од луѓето важно им е хотелот или било кое друго сместување на биде all-inclusive.
Просечниот британец троши 11 дена за одмор и 59% од нив преферираат одморот да го поминат со семејството, а не пријателите.
Во која група се пронајдовте?