Направил веренички прстен за девојката од неговата ампутирана нога
Откако ногата морала да му биде ампутирана, се одлучил негативното искуство да го направи во нешто убаво и позитивно, веренички прстен за неговата сегашна жена.
Парот Мелита и Мајк Перет минале тешка непријатност во нивниот живот, но успеале да ја пребродат и сега живеат среќен семеен живот.
Во 2006-тата година, година дена откако се запознале, Мајк паднал од планина додека волонтирал за Дом за деца без родители и тешко ја повредил неговата десна нога. Лекарите му кажале дека е среќен што воопшто преживеал, но очигледно имал причина.
Побарал дел од ногата и медицинскиот тим кој ја извршувал операцијата се согласил на тоа.
Кога бил подготвен во 2011 година да ја запроси тогашната девојка Мелита, се одлучил дел од парчињата коска да ги стави во нејзиниот веренички прстен.
Инспирацијата ја добил од нивна пријателка која носела имитација на коска како обетки.
Прстенот е направен од бело злато и во него се поставени две парчиња од коската на Мајк и централно е поставен четири каратен дијамант.
Мелита е пресреќна од нејзиниот уникатен веренички прстен. „Претпоставувам дека за мене е прилично специјален затоа што Мајк покажа колку е храбар и колку позитивно успева да се соочи со неговата ситација“ - вели Мелита и продолжува „Би требало тоа да е позитивен знак за нашиот брак“.
Парот се венчал во 2011 година и сега го очекуваат своето второ дете.