Што слуша секое девојче кога ќе му кажете дека е убаво?
Оваа реклама ја нагласува важноста на социјалните знаци кои ги туркаат девојките на страна од предметите како математика и природните науки уште од нивна најрана возраст.
Видеото укажува на еден тажен факт. Според Националната научна фондација 66% од девојчињата кои се 4 одделение изјавуваат дека сакаат математика и природни науки, но само 18% од девојките кои завршуваат на некои од Универзитетите за инжењерство или природни науки.
„Нашите зборови може да имаат големо влијание. Нели е време и девојките да откријат дека се генијалци? Негувајте ја нејзината љубов за науката и технологијата и инспирирајте ја да сака да го промени светот“ - се обраќа на родителите, Решма Сауџани, основачот на „Девојки кои кодираат“.
Важно е да се охрабруваат децата да ги следат своите соништа без разлика на тоа што се и кои се.