Мажите со повредено его се како разгалени тинејџерки
Обично се смета дека жените се тие кои претеруваат, измислуваат, се лутат или не знаат што сакаат, па мажите мора многу повеќе да се трудат да ги расположат или разберат. Но, тоа кај жените е повремено или само во „оние“ денови од месецот.
Мажите со повредено его знаат да бидат многу поразгалени и во многу ситуации нивното однесување наликува како на некоја 14-годишна тинејџерка.
Во тие ситуации на жените им треба големо трепение и разбирање за да се справат со нив.
1. Погрешно ги интерпретираат најмалите ситници
Еден погрешен потег е доволен за да направат од мува - слон.
2. Сè чуваат за себе
Наместо да кажат што ги мачи, тие заобиколуваат и баш како што родителите постапуваат со тинејџери, мора да дојдете до сржта на проблемот, па заедно да го решите.
3. Никој не ги разбира
Нивните проблеми се центар на светот и сè се врти околу нив. Мора да се обидете да ги сфатите без да им дадете чувство дека нивните проблеми се апсолутен приоритет.
4. Треба да им кажете колку добро изгледаат
Баш како и жените и тие сакаат комплименти. Дајте им до знаење дека ви се привлечни и ќе имате мир.
5. Постојано поминуваат низ чудни фази
Мажите често не знаат од каде да почнат кога станува збор за стилот на облекување. Не им се погодува ниту фризурата, ниту кошулата што ја купиле, а сепак сакаат да се убедуаваат себеси дека се најдобро облечени мажи во градот.
6. Мислат дека не се ценети доволно
И тоа им е заедничко со тинејџерите. Тие се трудат, а никој не ги забележува, наводно. Тоа им прави голем психички проблем.
7. Чувствителни се
Глумат фраери, а кога станува збор за љубовта стануваат мали мачиња и бараат проблеми и каде што ги нема.
8. Сакаат да критикуваат, но не прифаќаат критики
Знаат да бидат лоши и ситничави, а кога некој е таков кон нив, почнуваат да се лутат и да се бранат.
9. Имаат променливо расположение
Среќни се, па тажни, па депресивни... и воопшто не се различен од жените кога се во такви периоди.
10. Тие никогаш и за ништо не се виновни
Постојано е некој друг виновен и не е чудно бидејќи мажите се вистински мајстори за префрлување на вината.