10 брендови кои светот најмногу ги сака
Секојдневно се појавуваат нови и различни производи во светот кои се трудат да станат препознатливи брендови.
За разлика од оние кои се појавуваат, исчезнуваат или успеваат да се задржат можат да се издвојат и такви кои успеале да им станат омилени на поголемиот број луѓе.
Компанијата Kantar Worldpanel секоја година објавува листа на брендови кои најмногу се купувале. Исто така, секоја година се објавува список на брендови кои оствариле најголем пораст на довербата кај купувачите, пренесува весникот „Figaro“.
Преку истражувањето анализирани се 11.000 брендови во 35 земји од светот. Листата е направена врз основа на тоа кои брендови и колку често се купуваат.
На прво место, очекувано е Coca-Cola, како најпродаван бренд во светот, иако се забележува помалку освоени поени во однос на претходните години (5,72 милиони).
Colgate пастата за заби и останатите производи под овој бренд во сопственост на Colgate - Palmolive е на второ место со освоени 3,99 милиони поени.
На третото место е прехранбениот бренд Maggi за супи во сопственост на Nestle, а има вредност од 2,76 милиони поени.
Производите за хигиена на брендот Lifebuoy во сопственост на Unilever има вредност од 2.34 милиони поени.
На петто место е Nescaffe во сопственост на компанијата Nestle и има вредност од 2,14 милиони поени.
На шесто место е Pepsi во сопственост на компанијата PepsiCo, кој има вредност од 1.98 милиони поени.
Чипсовите на Lay’s се седмиот омилен бренд со остварена вредност од 1,75 милиони поени.
На осмо место е прехранбениот бренд Knorr во сопственост на Unilever има вредност од 1,65 милиони поени.
Dove, исто така во сопственост на Uniliever остварил вредност од 1,46 милиони поени, забележувајќи напредок во однос на претходната година.
На последното десетто место е брендот Tide кој остварил вредност од 1,44 милиони поени.