Ако носите празна кофа ќе ве следи несреќа: Чудни суеверија од светот

Ако црна мачка ви го пресече патот, ви следи несреќа. Ако ви се искрши огледлао ќе ве следи несреќа 7 години. Секоја земја има свои верувања за тоа кои работи носат несреќа.

vtornik-13ti-e-nesrekjen-den-cudni-sueverija-od-svetot-01.jpg

За некои тоа е бројот 4, за некои убивањето на пајаци или џвакањето мастика по полноќ. Ова се неколку суеверија од земјите во светот.


1. Шпанија

Луѓето во Шпанија веруваат дека вторник 13-ти, а не петок 13-ти е несреќен ден. Вторник на шпански е „Martes“ и потекнува од зборот „Mars“ што во средновековието означувало „зло“.

vtornik-13ti-e-nesrekjen-den-cudni-sueverija-od-svetot-1.jpg

2. Кина

Бројот 4 во оваа држава се смета за несреќен број затоа што неговото изговарање е многу близу до изговорот на зборот смрт. Некои болници дури немаат означено 4-ти кат или соба со број 4.


3. Египет

Во Египет како предзнак за голема несреќа се смета доколку видите или слушнете був.


4. Русија

Ако носите со себе празна кофа или забележите некој како носи празна кофа ве очекува некоја незгода. Ова веројатно произлегува од историјата. Царот Александар II на Русија бил убиен со празна кофа.


5. Руанда

Во Руанда жените ако случајно помислат да пробаат месо од коза се тврди дека се осудени на пропаст. Веруваат дека ќе почне да им расте брада како на маж.

vtornik-13ti-e-nesrekjen-den-cudni-sueverija-od-svetot-2.jpg

6. Финска

Ако тука убиете пајак, наредниот ден ќе има поројни дождови.


7. Сенегал

Плановите за патување задржете ги за себеси. Ако ви се случи да споделите со некого за тоа каде планирате да патувате, планот ќе ви се уништи или во најлош случај ќе имате некаква несреќа.


8. Малезија

Ако седите на перница, задникот ќе ви биде преплавен во рани и плускавци.


9. Франција

Како што кај нас среќа е да те покака врапче, во Франција среќа е да стапнете во кучешки измет со лева нога. Ако стапнете со десна тогаш ви следи некаква несреќа во брзо време.


10. Турција

Во Турција многумина веруваат дека ако џвакате мастика по полноќ, таа се претвора во живо месо.


11. Германија

Во Германија не смеете да наздравувате со вода затоа што ако го сторите тоа буквално им посакувате смрт на сите со кои наздравувате.


12. Јужна Кореја

Во оваа земја никој не спие во затворена просторија со вентилатор затоа што се мисли дека тој ќе ве убие. Тука секогаш спијат со малку подотворен прозор кога има треба ладење.

vtornik-13ti-e-nesrekjen-den-cudni-sueverija-od-svetot-3.jpg

13. Бразил

Ако ги оставите паричникот или чантата на земја - нема никогаш да имате пари.


14. Северна Америка

Верување е дека доколку згазите на пукнатина ќе ве следи несреќа. Во некои делови се верува дека и може мајка ви да остане инвалид. Исто така некои куќи имаат накосени прозори. Се верува дека вештерките не можат да поминат низ ваквите прозори.

vtornik-13ti-e-nesrekjen-den-cudni-sueverija-od-svetot-4.jpg

15. Италија

Во Италија несреќен ден е петок 17-ти. Римските цифри од кои е составен овој број XVII може да се реаранжираат во VIXI што значи „живеев“, што понатаму имплицира на „мојот живот заврши“.


16. Холандија

Тука доколку се решите да пеете на маса за време на вечерата му пеете на ѓаволот. Исто така, не смеете да му го позајмувате соларникот на соседот.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg