Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се релаксирате додека патувате со авион?

Ако летово се подготвувате да заминете на некоја далечна дестинација, а самата помисла од тоа дека треба да патувате со авион ве застрашува, тогаш погледнете ги овие неколку совети.

.kako-da-se-relaksirate-dodeka-patuvate-so-avion-01.jpg

Стравот од летање со авион може да ви биде голема пречка и да ви откаже разни патувања. Обидете се да се релаксирате преку следниве методи:

Истражете

Проучете како работи авионот, бидејќи тоа ќе ви помогне да се опуштите. Пронајдете некој пилот или стјуардеса кои тоа ќе ви го објаснат, а ако не успеете едноставно побарајте на интернет.


Избегнувајте акциони филмови

Ако гледате филмови во кои се рушат авиони или се случуваат разни авионски несреќи, тоа ќе ви создаде уште поголем страв.


Локација на седење

Кога букирате лет, дајте и до знаење на компанијата дека имате страв од летање. На тој начин, ќе си обезбедите седиште во предните редови, бидејќи таму турбуленциите не се чувствуваат премногу.


Не им дозволувајте на очите „да ве шетаат”

Ако сте клаустрофобични, тогаш не гледајте наоколу, бидејќи ќе почнете да се плашите и ќе си создадете непотребна паника. Наместо тоа, фокусирајте се на некоја игра, филм или добра книга.


Среќни мисли

Мислете на убавото место кон кое патувате, на чоколадна торта, на некој интересен состанок или нешто друго кое ве прави среќни. Ако ви е тешко, тогаш понесете си медитативна музика и опуштете се.


Не пијте кафе

Пред да се качите во авион избегнете да пиете кафе или друг пијалак кој содржи кофеин. Овие пијалаци го креваат притисокот и ве прават многу понервозни.


Дишете длабоко

Вдишувајте низ носот и издишувајте низ устата, на тој начин ќе се најдете во зоната на опуштање.

Како вие се справувате со летањето?

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg