Откажувањето е одлика на мудрите
Откажувањето не значи дека се предаваш од што било, откажувањето значи да си заминеш или да напуштиш нешто што не ти носи ниту среќа и ти го троши времето бесполезно.
Но, не секој е доволно мудар да го разбере ова, како ниту доволно храбар да се откаже од нешто што го прави несреќен мислејќи дека тоа е судбина, иако судбината всушност не постои.
Затоа уште денес откажете се од следните работи кои ве прават несреќни.
- Откажете се од вашите непријатели.
- Откажете се од вашите предрасуди и предрасудите на другите.
- Откажете се од озборувањата.
- Откажете се од зборувањето без потреба, цел, само колку да кажете нешто.
- Откажете се од навредите кои ви се упатуваат или кои ги упатувате.
- Откажете се од сите кои ви штетат, освен од себеси и престанете да си штетите сами.
- Откажете се од самата демотивација.
- Откажете се од вашите проблеми.
- Откажете се од вашето минато.
- Откажете се од вашите грешки.
- Откажете се од инсомнијата и монотонијата.
- Откажете се од животите на другите, освен од вашиот.
- Откажете се од одмаздувањето.
- Откажете се од пороците кои ве убиваат.
- Откажете се од негативните мисли.
- Откажете се од судбината, бидејќи не постои.
- Откажете се од правилата на околината.
- Откажете се од сопствените ограничувања.
- Откажете се од конфликтите.
- Откажете се од погрешната љубов.
- Откажете се од сонувањето, но никогаш од соништата.
- Откажете се од зборувањето за успех во иднина, постигнете успех денес.
- Откажете се од тоа да не се откажувате никогаш, бидејќи понекогаш откажувањето е најпаметниот избор кој може да го направите во животот.
- Откажете се од преживување, живејте!