Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бабите се во право: Мудрости кои ги потврди и науката

Кога ви ги кажуваат ви звучат како глупости, но тие не зборуваат тукутака. Можеби не знаат стручно да ви објаснат, но она што го знаат од нивното искуство подоцна и научно се потврдува.

babite-se-vo-pravo-mudrosti-koi-gi-potvrdi-i-naukata-01

Појадокот е најважен оброк во денот

Овој оброк ви го раздвижува метаболизмот, ви го подигнува нивото на шеќер во крвта до најздраво ниво, а и докажано е дека луѓето кои појадуваат, подолго живеат.


Рибата е храна за мозокот

Омега 3 и омега 6 масните киселини кои ги има во рибата се многу благотворни за мозокот и неговите функции.


Ако сте бремени со машко подолго ќе се породувате

Бабите тврдат дека ако носите машко бебе, породувањето ќе ви трае многу подолго, а денес тоа го потврдува и статистиката која укажува на тоа дека е поголем ризикот за компликации.


Не ги голтајте гумите за џвакање

Голтањето на гумите за џвакање може да доведе до блокада на цревата и  други компликации.


Топлата купка ги намалува шансите за да зачнете дете

Ова се однесува на мажите. Ако премногу време поминувате во топла вода, се намалува бројот на сперматозоиди.


Студенилото предизвикува настинка

Истражувачите откриле дека стоењето во студени простории е главна причина за настинка. Особено тоа се однесува на бањата која не се затоплува со грејни тела, доколку поминувате подолго време, стоејќи на студени плочки.


Едно јаболко на ден

Ова овошје е здраво да се јаде во борбата против разни болести, а корисно е и за оние кои боледуваат од рак, така што оваа бабина мудрост треба секојдневно да ја применуваме.


Јадете моркови за подобар вид

Морковот не може да излечи слепило, но бета каротенот го намалува ризикот од ослабување на видот во староста.


Пилешка супа

Има анти воспалително својство, ги намалува воспаленијата на респираторните органи и затоа бабите се во право кога велат дека треба да јадете супа ако сте настинати.


Не пливајте со полн стомак

Кога јадете крвта ви се спушта во желудникот, а кога вежбате таа се движи и затоа може да ви се создадат грчеви, кои не се пожелни додека пливате.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg