Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Напредувам дури и кога сонувам

Сигурно имате слушнато за соништа, не за оние кои се јавуваат кога спиеме, туку оние кои се јавуваат постојано пред наши очи, кога сме будни и не тераат да сонуваме со отворени очи.

napreduvam-duri-i-koga-sonuvam-1

Токму тие што ги имате заборавено, зафрлено во купот на изгубени соништа кои секојдневно ги газите под нозе.

Но, се имате запрашано зошто ли сè уште се исправаат пред вас, ви излегуваат пред очи дури и кога ги истерувате насилно?

Можеби сакаат да ги зграпчите, да ги гушнете и да им кажете дека ќе бидат остварени.

Можеби, но не е можеби, туку е токму така, соништата кои постојано се појавуваат пред ваши очи се оние кои треба да ги следите постојано.

Без разлика колку се луди, неостварливи, големи...не плашете се од нив и фатете ги за рака, верувајте, нема да ви ја пуштат раката сè додека вие не посакате.

Тогаш повторно ќе ви ја подаваат, а ваш ќе биде изборот дали ќе ги кренете пред себе како тврдина на вашиот напредок или не.

Доколку ве фати мелахнолија во моментот и ви падна жал за вашите соништа, време е да им дадете шанса.

Дајте им шанса, бидејќи така самите си давате шанса за нов живот, подобар, поуспешен, понапреден.

Не плашете се да сонувате, бидејќи тој што сонува е жив, а штом е жив има шанса да ги оствари тие соништа.

Не плашете се од вашите способности и можноста за напредок, бидејќи во нив лежи нова шанса за раѓање на вашето ново јас.

Напредувајте за почеток во сонувањето, сонувајте на големо, со отворени очи или затворени, изборот е ваш, но сонувајте.

На крај ќе се изненадите кога сонот ќе ви стане реалност, а вие ќе продолжите да сонувате повторно бидјеќи сонувањето за напредок е како зависност, кога еднаш ќе се навлечеш на таков сон, не престануваш да го земаш до тебе на перница.

Напредувајте во соништата бидејќи само така ќе напредувате во животот, само тогаш ќе може да кажете дека напредувате дури и кога сонувате.

А напредувањето и сонувањето го освојуваат светот!

Би можело да ве интересира:

7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg