Крадците откриваат: Што да направите за да не ви го ограбиме домот?
Кражбата во куќата или станот е најнепријатната, но најчеста појава со која може да се соочите доколку подолг период не сте дома или пак чувате скапи предмети.
Повеќето луѓе сметаат дека најдобар трик е да го оставите светлото или телевизорот запален, за крадците да помислат дека сте дома.
Меѓутоа, ако ги прашате „стручњаците“ односно крадците, само ќе ви се насмевнат.
- Кога ќе видиш дека светлото и понатаму е запалено во 3 наутро и дека телевизорот е пуштен до максимум, тоа е јасен знак дека никој нема дома, вели еден.
Крадците велат дека ниту опасните кучиња не им се проблем ако сакаат да ве ограбат, напротив, тие им се предизвик.
- Знаците од типот „внимавај, опасно куче“ се безвредни. На едно семејство му ја ограбив куќата така што се провлеков низ вратата за кучето.
Друг крадец додава дека големите кучиња се многу полесни за совладување и дека секогаш ги избегнува куќите кои имаат мало куче што непрекинато и хистерично лае.
- Тие мали кучиња ужасно ме нервираат, гласни се и невозможни да ги замолчиш. Секогаш ги избегнувам куќите во кои знам дека има мало куче.
Многу од крадците исто така се сложуваат дека социјалните мрежи им ја олеснуваат работата. Затоа, на сопствениците им советуваат да не објавуваат дека одат семејно на одмор или дека нема да бидат дома на неколку дена.
Додаваат и дека не е најпаметно насекаде низ домот да оставате ситни, но скапи работи, туку најпаметно ви е да купите сеф.
Покрај тоа, фрлањето на пари за скапи врати не секогаш се исплати.
- Обичните клучалки е лесно да ги отвориш. А модерниве врати ги отворам и со кредитна картичка, вели еден од крадците.
Многу од нив ги користат и таксистите како помагачи. Затоа ви советуваат таксито никогаш да не ве остава пред врата, туку малку подалеку. Исто така опоменуваат и да не разговарате со таксистот премногу, затоа што секогаш може да има пријател крадец.
Тргнете го мебелот од дворот
Не е препорачливо да ги оставате столчињата и масите на видик, затоа што со нивна помош крадците може полесно да се поткачат и да го достигнат прозорот кој сакаат да го обијат.
Не се фалете со скапи работи
Крадците најчесто го бираат домот за крадење преку прозорот. Затоа, најпаметно ви е прозорот да не ви биде поставен спротивно од големата плазма, ниту пак лаптопот да ви биде оставен во близина.