Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Победникот е секогаш сам на врвот!

Седам така сама, потполно сама. Музиката во ресторанот како да сака да ме растажи уште повеќе.

pobednikot-e-sekogas-sam-1

Кога си среќен, секогаш песните те расположуваат дополнително, ти даваат адреналин и сила, но кога си тажен, ги разбираш нивните зборови, а нивната мелодија ја заигрува твојата душа со иста фрекфенција на тагата, сè додека не ја умори.

Понекогаш си помислувам, па подобро е сама, не постои никого околу тебе кој ќе ти додева со празни разговори кои секогаш започнуваат со зборовите – Што има ново?

Божем ги интересира одговорот.

Не знам зошто, во овој момент посакав некој да ја игра таа улога, а јас да бидам главниот лик во оваа епизода од мојот живот.

Но, нема колуминација, нема ништо, нема ни актери, а камоли епизода, само главниот лик е тука, сам.

Но, победникот е секогаш сам, нели?

Противниците, оние кои сами си ја доделуваат таа титула се премногу љубоморни за да ја споделат среќата со победникот.

Оние другите не се чувствуваат достојни за неговото внимание и едноставно не се ни трудат да го добијат, а трети немаат време за него и така…

Можеби сум осамена, можеби тоа се гледа во моите очи, не знам, моментално и воопшто не ме интересира.

Размислувам на оваа тема за самотијата и се прашувам дали човек навистина може сам?

Знам дека со ова однесување привлекувам доста внимание, ја чувствувам љубомората во сите тие погледи кои ме следат наоколу, бидејќи само тоа можат и да го прават, да ме следат.

Ако ми се приклучат во друштвото би требало да се откажат сами од себе, а тоа е тешка работа за еден обичен човек.

Седам, го пијам утринското кафе, ја пушам првата цигара во овој преубав град, ја следам раздвиженоста, скриена во најудобното и најмирното место.

Место во кое никој не се осмелува да седне, а камоли сам.

Знаеш, понекогаш оваа осаменост ми годи, ми дава простор да размислувам, да смислувам и да остварам, но понекогаш ме тера да пишувам тажни текстови, баш како овој сега.

Но не е важно, ќе помине си велам, што не поминало, па и ова. Ех, за едно чувство на осаменост!

Што е тоа за мене?

Мојата психа е програмирана да ги елиминира сите вируси кои ми ги напаѓаат мислите. Таа може да издржи сè, тоа е таа психа на победникот, а победникот е секогаш сам на врвот.

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg