За што живееме сите?

Сигурно досега барем еднаш во животот сте се запрашале за што живеете, која е причината која ве тера да ги испружите рацете кон таванот. Да се истегнете убаво и да се погледнете низ прозорецот барајќи ја надежта која сте ја посакувале претходната вечер на перница.

za-sto-ziveeme-site-1

За што живееме сите?

Живееме за малку пријателство, повеќе внимание, подобра иднина, трошка среќа која се претворила во трошка која некогаш била цел сомун, многу љубов и повторно на крај…надеж за подобро утре.

Ете за тоа живееме, за подобри денови, испуштајќи ги сите останати денови во купот пропаднати денови кои можеле да бидат подобри, но сепак чекаме, чекаме, чекаме…

Заборавајќи дека не треба да се чека, треба да се дејствува, треба да се обидеме да бидеме вистински пријатели за да привлечеме пријатели.

Треба да даваме малку внимание за да добиеме повеќе внимание, треба да ја изедеме таа трошка надеж која ќе ни даде енергија за подобро денес, не утре и треба да љубиме не барајќи љубов за возврат, треба да живееме без да се прашуваме зошто живееме.

Но, не е така лесно, не е воопшто едноставно, во моментите кога ќе не нападнат мислите кои го заматуваат видот кон целосниот преглед кон работите, не е така хоп-хоп и ете ти причина за која што живееш, сега живеј за неа и не прашувај повеќе зошто.

Нема никој да ни ја даде тукутака таа причина која нè прави да се чувствуваме како да дишeме без причина, треба сами да ја најдеме.

Треба сами да си одговориме на прашањето за што живееме, бидејќи никој не го знае одговорот освен ние самите, тој лежи во нас, во нашите желби и соништа, не само во оние глупави банални причини.

Бидејќи тие се тука само за да нè одржуваат на нозе, додека оние вистинските кои би ги придвижиле нозете веднаш, се закопани во нашите стравови од немање доволно кондиција, страв од заморување…

За што живеете вие?

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg