Доживотно бесплатно летање
Едно бебе кое ненадејно се родило во авион на една нископрофитна малезиска авио компанија на превозникот Air Asie, како подарок ќе добие...
...доживотно бесплатно летање со истата компанија.
Патничката Liew Siaw Hsia добила трудови за време на летот од Пенанага до Кучинага на Борнео.
Авионот ја променил насоката на летање и се упатил према градот Куала Лумпур, но бебето било побрзо.
Нив ги породил лекар кој се наоѓал во авионот, а му асистирале стујардесите.
Бебето дошло на свет на висина од 600 метри, додека авионот се подготвувал за слетување на аеродромот во Куала Лумпур, објавила компанијата.
Со цел да се прослави овој несекојдневен настан, компанијата одлучила да му поклони на детето доживотно бесплатно летање.
Бебето и мајката по слетувањето се чувствувале одлично.