Зошто да се заљубите во девојката со црвен кармин?

Едноставно, има нешто посебно во бестрашната девојка со црвен кармин. Не, тука не спаѓаат скромните и бледи нијанси и варијации. Мислам на онаа црвена која никогаш нема да ја пропуштиш од видик. Црвена која магнетски ти ги влече очите, а по неколку секунди и срцето.

8-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-devojkata-so-crven-karmin-01.jpg

Зошто треба да и се препуштиш на девојката со црвен кармин?

1. Не е очајна за да те бакне и тоа ја прави неодолива

Девојката со црвен кармин воопшто не се плаши да се врати дома во 4 часот наутро со совршено обоени, недопрени усни. И тоа што некој не и го размачкал карминот во диско никогаш нема да и ја намали самодовербата.


2. Нема потреба да се крие затоа што е секси

Усните се софистициран симбол на сензуалност, возбуда, тајни и секс. Девојката која одбира да го истакне тој дел е повеќе од свесна за своите сексуални моќи.


3. Од секоја нејзина пора испарува самодоверба

Девојката со црвен кармин ќе те натера да се задушиш во нејзината самодоверба. Таа одбива да изгледа помалку секси само затоа што се плашиш дека ќе изгледаш како кловн ако ја бакнеш. И со нетрпение чека да провери до каде ти оди храброста.

8-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-devojkata-so-crven-karmin-02.jpg

4. Ја слави безвремената убавина

Не се грижи дали во мода е панк-рок фазон или гламур од црвениот тепих, таа ја слави безвремената убавина на жената. По малку е носталгична по стариот Холивуд, а по тоа можеш да заклучиш дека си одбрал вистинска жена, наместо немирна девојка.


5. Таа одбира мода наместо функционалност

Секоја девојка која има жар црвена боја на усните, знае колку е тешко да ја носиш. Многу е полесно да ставиш сјај и да јадеш без да проверуваш дали имаш кармин на забите, но тоа не е предизвик. „Бестрашна“ е нејзиното второ име, а „убавината пред функционалноста“ е нејзиното животно мото.


6. Не се плаши да се предаде и врзе за работите

Штом може да се предаде на црвениот кармин и да ги надмине сите препреки кои тој ќе и ги приреди во само неколку часа, верувајте дека не се плаши да се врзе. Но, за возврат очекува перфекција до болка.

8-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-devojkata-so-crven-karmin-03.jpg

7. Таа ги кажува своите големи мисли

Зошто некоја девојка би привлекувала толкаво внимание кон своите усни, ако нема ништо паметно да каже?


8. Преферира само убави работи во животот

Нежниот, мазен, матиран кармин со кремаста текстура е баш онаков каков што би требало да биде животот - софистициран и префинет. Жената која не се плаши да изнесе толку многу совршенство на едно место, има што да понуди.

8-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-devojkata-so-crven-karmin-04

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg