Биди креативен во овој некреативен свет!
Креативните луѓе тешко се снаоѓаат во овој некреативен свет истакнувајќи ја креативноста на свој начин без препреки, што често доведува до поставување на прашањето:
Како да бидеш креативен во овој некреативен свет?
Доколку и ти што го читаш ова, често си го поставуваш ова прашање, ова се неколку алтернативни одговори кои може да ти помогнат во негово реализирање.
Кога ќе ти дојде креативното, извади го од себе!
Иако имаш други обврски во моментот, кога креативноста напаѓа, треба да возвратиш и заедно да победите. Извади ја од себе каде и да се наоѓаш, што и да правиш, не грижејќи се за последиците.
Дозволи емоциите да те инспирираат
Луѓето денес повредуваат, ситуациите во кои можеме да се најдеме може да бидат неподносливи, постојано сме изложени на љубоморни испади, критики или провокации... Ако си креативен, наместо да се нервираш и да бидеш тажен, дозволи тоа што ти се случува и емоциите кои те преовладуваат, да те инспирираат.
Играј на картата на хуморот
Колку и да ти е тешко, смеј се на своја сметка за направената грешка, неправда или тежок момент. Дозволи хуморот да ти се придружи во креативноста и заедно да направите ремек дело како резултат на тешките околности.
Оди во границите на нормалното и ненормалното
Излези од удобната зона не слушајќи ги предрасудите околу тебе или во тебе, оди во границите на она што мислиш дека е нормално и ненормално. Којзнае можеби во нивниот последен ќош се крие твојата инспирација.
Чуден си за другите, прифати го тоа!
Ако си креативен денес, чуден си, прифати го тоа и нека истото биде комплимент за твоите уши. Доколку можеш искористи го на креативен начин што ќе те направи уште почуден, но никогаш не престанувај да бидеш она што си, никогаш не престанувај да бидеш ти!