10 правила за среќа кои ги научивме од сопствената несреќа
За да го видиш виножитото пред да изгрее сонцето, секогаш претходно е потребно да почувствуваш малку дожд. Истото и со среќата, не можеш да бидеш среќен ако претходно не си бил малку несреќен.
Или малку повеќе, во ред, но сепак си ги научил овие животни правила кои ќе те водат кон патот на среќата и ќе те исправуваат секогаш кога ќе скршнеш од него.
1. Биди ТИ, сите останати се зафатени!
Обидувајќи се да бидеме тоа што не сме, секогаш сме се каеле што не сме го покажале своето вистинско лице во различни ситуации, во кои знаеме дека би помогнало многу повеќе од она лажното Јас.
2. Смеј се кога ти е тешко, за тешкото да почне да се смее со тебе
Кога си тажен и ти е тешко, ако плачеш ќе ти олесни, а потоа ќе ти биде потешко. Но, ако се смееш, голема е веројатноста и тагата да почне да се смее со тебе, бидејќи насмевката е заразна.
3. Кажувај да и кажувај не, но не молчи никогаш
Кога ќе те прашаат нешто, никогаш не молчи дококолу прашањето се однесува на твојата сопствена среќа. Ако ти одговара, кажи да, во спротивно негирај, но никогаш не молчи. Тоа значи дека се согласуваш со сè што не ти одговара, а луѓето секогаш знаат како да го искористат тоа.
4. Во најтешките моменти само диши, исто и во најубавите
Никогаш не дозволувај да престанеш да дишеш поради премногу лошо или убаво. Лошото ќе помине доколку дишеш, а убавото може да го продолжиш само доколку ти продолжиш да живееш. Затоа диши, секогаш, никогаш не се откажувај!
5. Слушај го мозокот, наместо срцето...
Убаво е да го слушаме срцето, но добро е секогаш да го земеме во предвид и мозокот, бидејќи сакале да признаеме ние или не, срцето понекогаш знае да направи грешка која мозокот ја плаќа.
6. Сакај со цело срце, но и со мозокот не сакај
Малку збунувачка реченица, но кога повторно ќе ја прочитате сигурно ќе ви се разјасни значењето. Сакајте со цело срце, бидете искрени и предавајте се целосно. Но, не сакајте со мозокот она што не е добро за вас, иако срцето ви кажува дека истото е во ред. Инстинктот никогаш не лаже.
7. Не простувај лесно, секој знае што прави
Во ред е реченицата дека сите сме луѓе и правиме грешки, но сите свесно ги правиме грешките. Затоа доколку некој ви згреши, знајте дека знаел што прави во моментот, не простувајте лесно, бидејќи втора шанса е важна само кога си ја даваме себеси.
8. Јас вредам!
Покрај сите негативни коментари, обесхрабрувања, љубоморни испади, пречки и камења, секогаш одете по сопствен направен пат во животот, бидејќи вие вредите, а секој што ќе ви го каже спротивното не е вреден за вашето внимание.
9. Здравјето е најголемото богатство во животот
Кога човек има се, заборава на здравјето, но кога го нема здравјето, заборава на се останато и би дал се за повторно да го врати. Тој што го почувствувал ова на своја кожа, знае.
10. Биди среќен, бидејќи на никој не му е гајле ако не си!
Бидете среќни бидејќи доколку вие не се погрижите за вашата среќа, никој друг нема да го направи тоа.