Со една рака и во 6-от месец од бременоста, оваа сурферка не се откажува од брановите
Бетани Хамилтон е професионален сурфер која на само 13 години била нападната од ајкула и ја загубила едната рака.
Денес бестрашната Бетани има 25 години и е во 6-от месец од бременоста, но без оглед на тоа поминува најмалку 5 часа на даската за сурфање.
Токму заради храброста и талентот таа е 53-та на листата на светски најуспешни сурфери.
„Можеби звучи лудо, но се чувствувам како подобро да сурфам откако сум бремена. 5 и половина месеци веќе поминаа, а јас дури сега почнав да го чувствувам стомакот додека сурфам. Целосно уживам во океанот,“ раскажува Бетани.
„Колку и да сум ентузијаст и сакам да си го одржам здравјето, мислам дека е важно да одморам и да не претерам. Нашето тело работи напорно и мора да се грижиме за него. Го имам тоа на ум, знам дека раѓањето е една од најтешките промени низ која жената поминува, па само се трудам да ги одржам мускулите во кондиција за она што следува.“
Животната приказна на Бетани е преточена во филм насловен „Soul Surfer.“