25 работи кои момците ги забележуваат, иако девојките се убедени во спротивното

Девојките се уверени дека некои ситници кои ги прават момците воопшто не ги забележуваат и дека баш им успева секоја намера да покажат или скријат нешто.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-01

Но, за жал, момците откриваат дека сè знаат само ги оставаат девојките да си мислат како сакаат за да не се доведуваат во непријатни ситуации на расправии и докажувања, без да има потреба.

Ова се некои од таквите ситуации:

1. Кога девојката зборува со момчето и веднаш трча да им прераскаже на другарките

- Секогаш забележуваме дека колку и да се трудите да се сокриете, кога им зборувате на другарките, несвесно погледнувате кон нас и знаеме веќе за што станува збор.


2. Сè
што е поврзано со женските гради

- Забележуваме сè, од големината и формата до прерамките на градникот ако ви ѕиркаат.


3. Влакната од косата низ домот

- Не ни пречи толку многу за да ви кажеме, но ги гледаме влакната насекаде низ домот.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-3.jpg

4. Кога сте неодлучни и несигурни

- Се забележува кога сте несигурни и барате потврда или поддршка од другарките, колку и да сакате да изгледате самоуверено.


5. Забележуваме дека сте вежбале во теретана

- Мускулите и подигнатиот задник сигурно не ви се од раѓање. Можеби сакате да покажете дека тоа вам ви е природно, но се познава кога сте вежбале.


6. Кога сте љубоморни на некоја друга девојка

- Само што ќе ја погледнете, поинаков ви е сјајот во очите, а често не можете ниту расположението и тонот на гласот да си ги скриете.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-1.jpg

7. Кога сте лути или изнервирани

- Знаеме какви сте кога сте добро расположени и секоја најмала промена на полошо се забележува, колку и да глумите.


8. Кога не се чувствувате добро на штикли

- Високите потпетици не се за секоја девојка, веднаш се познава кога некоја не се чувствува удобно во нив и едвај чека да седне или да ги соблече.


9. Кога набрзина се средувате за да изгледате подобро

- Се гледа кога во последен момент сте ја исчешлале косата, сте ставиле парфем или пудра ако ненадејно ви се појавиме на врата.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-5.jpg

10. Доцртани усни

Колку и да се трудите или да мислите дека не забележуваме, ја гледаме таа дополнителна линија и сенка на карминот што е малку над вашите усни.


11. Кога си го погледнувате задникот пред секое стакло и огледало

- Мислите дека го правите тоа многу спонтано, без никој да забележи, но веднаш гледаме како ви бега погледот штом видите огледало.


12. Вашата интелигенција

- Да, се забележува колку сте интелигентни и тоа можеме да го процениме уште на првата средба.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-8.jpg

13. Премногу маскара

- Можеби не се шминкаме, но знаеме дека не можат природните трепки да бидат толку совршено густи, долги и извиткани. Убави се, но некогаш претерувате.


14. Пасивна агресија

- Можеби не сакате да се расправате, но се забележува кога вриете од нервоза или кога одговарате иронично.


15. Кога сте во ПМС период

- Особено се познава по облеката, дали носите посветли или потемни бои во текот на целата недела. За расположението, нема потреба од коментари.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-2.jpg

16. Кога ќе се вљубите во другарот

- Кога наеднаш почнувате да се шминкате и да носите фустанчиња пред машките пријатели, јасно е дека некој ви се допаѓа.


17. Кога наредувате, а сакате да звучи како совет

- Знаеме кога нешто е задолжително да ви го исполниме и кога наредувате, иако сакате да звучи како добронамерна сугестија.


18. Кога сакате да скриете дека не носите градник

- Ги прекрстувате рацете или баш тогаш си го допирате лицето и вратот.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-7.jpg

19. Кога имате вештачки нокти

- Тоа е посебна состојба. Во ред е да имате убави долги нокти, но сè додека не ви пречат во секојдневните работи. Веднаш се забележува како ракувате со работите околу вас, ако не сте навикнати на вашите нови вештачки нокти.


20. Кога погледнувате некоја згодна девојка

- Тоа го правите исто како мажите. Се вртите, ја меркате и не сте свесни дека сите околу вас забележуваат.


21. Колку време ви треба за да вратите на порака

- Да, тоа многу кажува за вас и вашата состојба, за тоа колку нешто ви е важно или не.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-6.jpg

22. Кога сакате да избегате од некој досаден

- Веднаш се забележува по вашиот говор на тело и гримасите дека некој ви е досаден и сакате да се појави некој кој ќе ве спаси и извлече од целата ситуација.


23. Кога имате исцртани веѓи

- Извинете, ама тоа е толку очигледно, бидејќи личите на кловн.


24. Лажен бронзен тен

- Тоа е толку неприродно и видливо, што се познава веднаш дека изгледа како да сте се мачкале со боја.


25. Кога го потполнувате градникот

- Јасно ни е дека вашата форма и големина на градите не се менува секојдневно, туку само експериментирате со различни градници кои така прават да ви изгледаат градите.

25-raboti-sto-momcite-gi-zabelezuvaat-kaj-devojkite-a-tie-sakaat-da-gi-skrijat-4.jpg

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg