Супер бабичка го прослави 100-от роденден со скок од авион (видео)
Џорџина Харвуд минатата недела на 10-ти март наполни точно 100 години, па јубилејот реши да го одбележи со бројни авантури, помеѓу кои беше и скок од авион.
Прво на денот на својот роденден се искачила на врв на планина, па по само неколку дена решила да скокне со падобран од авион.
Мотото на оваа супер бабичка е - Направи го тоа што го сакаш веднаш! Без разлика дали ти е пријатно или не, добро или лошо, опуштено или опасно, не го одложувај!
- Беше прекрасно, ослободувачки, посебно... пробувам да се сетам на уште неколку придавки со кои би можела да го објаснам ова искуство, изјавила Џорџина по скокот.
Верувале или не, оваа супер бабичка не скока прв пат од авион. Таа на 92 и 97 години исто така ја пробала оваа екстремна авантура.
Плус, не застанува тука. Супер бабичката планира уште една авантура со која ќе го одбележи 100-от роденден - пливање со ајкули во кафез.