Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 животни стравови на кои треба да заборавите

Ако овие 3 стравови се дел од вашето секојдневие, дел од секоја одлука и потег, тогаш имајте на ум дека тие ве држат подалеку од успесите.

3-zivotni-stravovi-na-koi-treba-uste-vednas-da-zaboravite--1

Нормално е да се плашите, но поубаво е да се препуштите на слободата и чистиот ум.

За да напредувате, избришете ги овие работи од својата глава:

1. Стравот од неуспех

Нормално е да се обидете и да не успеете. Воопшто не треба да се плашите од неуспехот, туку полошо е доколку истиот тој страв ве спречи да се обидете да направите чекор напред, без разлика дали станува збор за работа, љубов или образование. Не заборавајте дека неуспехот е дел од процесот на учење и од него не треба да бегате.


2. Страв од губење на контрола

Факт е дека на секое животно поле сакаме да имаме контрола и проблемот настанува кога забораваме дека единственото нешто што можеме да го контролираме е себеси. Можете да го контролирате своето, но не и туѓото однесување. Доколку премногу се оптеретувате со преземање на контрола ќе си нанесете повеќе штета отколку корист.


3. Страв од симнување на маската на жртва

„Зошто ова мене ми се случува? Ме наместија. Не е проблемот во мене.“ - се само дел од изговорите кои ги кажува личност која игра улога на жртва. Постојаните изговори и оправдувања се јасен показател дека имате недостаток од самоконтрола. Енергијата си ја трошите на нервоза и лутина, наместо да ја искористите во своја полза, да бидете посилни сами да си ја кроите среќата.  

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg