4 совети од една искусна домаќинка до сите жени: За домот да не ви ги проголта времето и парите
Одржувањето и уредувањето на домот не е ни малку лесна работа и секоја млада жена ќе се соочи со многу проблеми штом започне да уредува, чисти, преместува...
Затоа ви ги откриваме 5-те најдобри совети на искусната домаќинка Бри Рајбек, која многу рано започнала да живее со својот сопруг Енди и добро знае низ што поминала.
Се надеваме дека нејзиното искуство ќе ви биде од помош.
1. Заштедете пари за да можете да купите квалитетен мебел кој ви се допаѓа
„За да купиме квалитетен мебел по цена која му одговара на нашиот буџет, моравме да штедиме извесен период. Купувањето на квалитетни парчиња кои ви се допаѓаат ќе ви даде едно чудно чувство на сигурност. Нема да се најдете во ситуација во која по само еден месец ќе го менувате мебелот или ќе трпите постојани поправки“.
2. Инвестирајте во квалитетни садови
„Кујнските апарати и садови кои со години ги користам ги купував исклучиво во реномирани продавници и салони. Се работи за познати брендови на кои со причина им верував. На крајот и сама се уверив во тоа. Плус, ве советувам да купувате само стакло и нерѓосувачки метал, наместо пластика“.
3. Направете распоред на чистење
„Не се плашете да бидете домаќинка и да си направите распоред на чистење кој ќе ви помогне во текот на напорната работна недела. Формирањето на одредена навика ќе ви помогне да си го организирате времето, па така полесно ќе можете да му се посветите и на семејството“.
4. Не ви се потребни сите тие ситници
„Иако делува како прекрасна и привлечна идеја, размислете малку подобро дали порцеланскиот чајник ви е неопходен, како и скапите украси кои само собираат прашина. Простирките и перниците кои не одговараат со мебелот исто така се на овој список. Ова е многу слично како и со купот свадбени подароци. Ако не ги препратите понатаму, односно не ги подарите на некој друг, ќе собираат прашини со години, а вие секојдневно ќе ги поместувате од едно на друго место“.