5 причини кои ќе ве натераат да спиете голи вечерва
Знаеме дека си ги сакате своите меки, памучни или свилени пижами, но спиењето целосно голи има некои предности за кои досега немате слушнато.
Ова се тие 5 причини кои ќе ве натераат да спиете голи уште оваа вечер!
1. Ќе спиете помирно
Според Американскиот институт за медицина, докажано е дека оние што спијат голи, немаат кошмари и ретко се превртуваат во кревет.
2. Вашите интимни делови ќе се опуштат
За разлика од ноќите во кои се стегнати за вашата долна облека, доколку спиете голи вашите интимни делови ќе се опуштат конечно после напорниот ден.
3. Ќе се чувствувате посекси
Самата помисла на тоа дека спиете голи, ќе ве направи да се почувствувате посекси од обично.
4. Желбата за секс ќе ви се зголеми
Повторно самата помисла на тоа дека спиете голи, не само што ќе ве направи да се почувствувате посекси, туку и ќе ве натера да посакате да не “спиете” сами.
5. Едноставно е поедноставно
Зошто би се мачеле да облекувате пижами во 3 часот наутро после излегување кога сте изморени, кога може да се соблечете и да се пикнете под јорган?
Едноставно спиењето голи е поедноставно од спиењето во пижами!