10 причини зошто треба да се смеете секој ден

Понекогаш е навистина тешко да се насмевнете ако не се чувствувате добро, но насмевката крие огромна моќ, посебно ако одлучите да ја поделите со сите околу вас.

10-pricini-zosto-treba-da-se-smeete-sekoj-den-01.jpg

Ова се само 10 причини зошто би требало да се насмевнете неколку пати во денот, а вие слободно дополнете ја листата:

1. Насмевката ви го поправа расположението

Изразот на лицето влијае на расположението. Емоциите можеби настануваат во мозокот, но мускулите на лицето имаат моќ да ги зајакнат или преобликуваат тие емоции.


2. И лажната насмевка понекогаш пали

Ако се насмевнете со сила ќе постигнете половина од ефектот, колку и да не сте расположени. Сепак, држете се подалеку од лажните насмевки адресирани до другите.


3. Ќе го намалите стресот

Луѓето кои имаат широки насмевки на лицата имаат значително помал број на отчукувања на срцето, односно посмирен пулс и помирно темпо на функционирање.


4. Заради насмевката полесно ќе запознаете нови луѓе

Лицата со насмевка на лицето изгледаат многу пољубезно, па нивните шанси за нови познанства се двојно поголеми од оние со неутрален израз на лицето.

10-pricini-zosto-treba-da-se-smeete-sekoj-den-03.jpg

5. Смеењето го тренира мозокот

Иако мозокот е склон кон негативно размислување како одбранбен механизам, смеењето му помага да размислува попозитивно.


6. Смеењето е заразно

Дали сте забележале колку од пријателите ви вратиле насмевка кога сте им се насмевнале?


7. Насмевките ја поттикнуваат продуктивноста

Среќата е тесно поврзана со продуктивноста на работното место. Направете експеримент и еден ден постојано бидете насмеани. Не им дозволувајте на негативните мисли да ве обземат. Потоа споредете ја работата која сте ја завршиле со сите претходни денови.

10-pricini-zosto-treba-da-se-smeete-sekoj-den-02.jpg

8. Изгледате помлади

Иако целото лице се брчка во моментот кога се смеете, изгледате многу помлади. Насмевките се доказ дека не е важен изгледот, туку енергијата која ја ширите.


9. Смеењето е природен аналгетик

Додека се смееме, мозокот лачи аналгетик кој ги ублажува болките кои ги чувствувате. Тогаш, зошто да пиете апчиња против главоболка?


10. Смеењето е бесплатно

И можете да го подарите на сите!

Би можело да ве интересира:

Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg