Горе или долу? Дознајте што кажува вашиот поглед за вас!

Погледот е доволен кога зборовите се излишни, нели?

gore-ili-dolu-doznajte-sto-kazuva-vasiot-pogled-za-vas-1

Дознајте што кажува вашиот постојан поглед за вас во очите на соговорникот без разлика дали се работи за горе, долу, лево или десно шарање со очите.

Поглед горе

Постојано измислувате, сакате да сте центар на внимание и сите мислат дека сте нарцис, но зад сето тоа се крие личност која умира за да биде сакана. Во ситуации кога постојано гледате нагоре, тогаш во поголем дел од случаевите лажете, а во останатиот дел погледнувате горе од навика. Добра одлика е тоа што сите мислат дека сте многу слатки кога гледате така.


Поглед долу

Обожавате да озборувате, обожавате да излегувате со вашите пријатели на кафе и да правите тајни работи за кои никој не смее да дознае. Не сакате сите погледи секогаш да се вперени во вас, бидејќи во тој случај мора да го спуштите вашиот надолу, а тоа кажува дека немате самодоверба, што е голема грешка.


Поглед лево

Многу размислувате и сакате да им се допаднете на луѓето со вашето размислување и поглед кон животот што постојано мора да смислувате начин на кој што ќе ги импресионирате, а тие несомнено секогаш се импресионирани од вашата енергичност и отворено размислување. Во ситуации кога постојано погледнувате на лево, се чувствувате непријатно.


Поглед десно

Ако вашиот поглед е насочен кон десно, вие секогаш се разочарувате што е резултат на вашите големи очекувања како од луѓето така и од ситуациите. Причината за тоа е што сте добра личност која сè би дала за саканите и очекувате истото да го направат за вас. Бидете попаметни и не дозволувајте да ве искористуваат, во спротивно погледот секогаш ќе ви биде насочен десно.


Очи во очи

Сакате директен однос со сите, но не секогаш значи дека истиот е на искрена база бидејќи сте способни да излажете дури и кога соговорникот го гледате во очи. Лукави сте и итри, но лесно може да бидете повредени доколку наидете на личност која ќе биде слична на вас, а тоа значи постојано да ви возвраќа на тој поглед очи во очи.

gore-ili-dolu-doznajte-sto-kazuva-vasiot-pogled-za-vas-2

Нефокусиран поглед

Повлечени и тивки, но многу интелегентни, вие сте од оние личности кои имаат нефокусиран поглед и постојано шараат со очите низ просторијата бидејќи постојано размсилуваат за соодветно решение на нивните проблеми во животот.

Не сакате да импресионирате никого и живеете само за себе, што е голем плус, но внимавајте во ситиација кога сте пред личноста која ви се допаѓа и вашиот нефокусиран поглед доаѓа до израз, постои шанса да оставите лош впечаток.

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg