Јас сум ТАА девојка!
Онаа што мајка ти никогаш не би ја посакувала за снаа.
Јас сум таа девојка која го повишува гласот бидејќи некогаш ѝ бил многу тивок кога требало да вриска.
Јас сум таа девојка која е подготвена да се ослободи од тебе само доколку ја почувствува својата слобода дека е загрозена.
Јас сум таа девојка од која мајка ти како мал ти кажуваше да се чуваш.
Јас сум таа девојка која никогаш нема да ја заборавиш, бидејќи ти пружила незаборавни мигови, не зборувам за секс, зборувам за живот.
Јас сум таа адреналинката, која секогаш ќе биде подготвена за авантура во 3 часот изутрина бидејќи сака да се почувствува жива меѓу останатите кои полека се кршат во монононијата на животот.
Јас сум таа девојка што се јавува на автобуска во 4 часот изутрина и го фаќа автобусот во 6 заминувајќи каде што ќе ѝ текне.
Јас сум таа што немала храброст да замине, бидејќи имала храброст да остане и да се бори.
Јас сум таа девојка што порачува пиво во женско друштво во кое сите пијат мартини за фама.
Јас сум таа девојка, да, затоа ме сакаш.
Јас сум таа што е целосно искрена со себеси, но тебе сепак ќе те излаже во своја корист, за да се заштити.
Јас сум таа што ќе те лаже дека те чекала цело време, никогаш нема да ти поверува дека ќе останеш засекогаш.
Јас сум таа девојка што сака сè, но јас сум и таа девојка што сама добива сè што сака, без никој да ѝ пререче за добиеното.
Јас сум таа девојка што ти секогаш ќе посакуваш да ја имаш покрај себе, но знаеш таа девојка си го сака животот.
И уште нешто… јас сум таа девојка што ќе ја сакаш и мразиш истовремено, бидејќи немаш избор!