Се плашите од летање? Еве како ќе знаете дали авионот ќе се сруши
Ако се плашите од авиони и летање и секое тргнување за некоја далечна дестинација ви претставува траума, апликацијата Am I Going Down? Ќе ви помогне да ја намалите нервозата.
Апликацијата користи реални податоци за летовите и авионите, потоа ги анализира и ви дава резултат, односно размер кои се реалните шанси авионот да се сруши.
Така на пример ако решите да летате со Boing 777 од Хонгконг до Лос Анџелес, постои само 1 шанса спрема 4.068.434 дека авионот ќе се сруши.
Интересно е што препорачаната апликација тврди дека ако летате со авион секој ден во наредните 11,146 години, веројатно нема да ви се случи ниту една несреќа.
Од каде дошла идејата за оваа апликација?
Ник Џонс, основачот на компанијата Vanilla Pixel е творецот на оваа апликација. Инспириран од неговата сопруга Џули која секогаш му го отежнува патувањето со авион, сакал да создаде апликација која по сите внесени детали, точно ќе ви каже колку е сигурен вашиот лет.
Апликацијата сега за сега е достапна само за iPhone, а за Android верзија се уште ништо не е најавено.
Апликацијата може да ја преземете тука.