Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 психолошки трикови со кои Икеа ве тера да трошите повеќе пари

Баш ништо во целиот концепт на Икеа не е случајно, од локацијата па сè до распоредот и мирисот во продавниците.

4-psiholoski-trikovi-so-koi-ikea-ve-tera-da-trosite-poveke-pari-01.jpg

Сè уште не ви е јасно како со леснотија го празните паричникот секој пат кога ќе влезете во Икеа?


1. Ве изолираат од другите продавници

Колку пати ви се случило да излезете од Икеа и да влезете во друг ланец продавници? Речиси никогаш затоа што продажните салони на Икеа обично се изолирани од гужвата и трговските центри. Тоа е дел од нивната маркетинг стратегија. Така никогаш нема да одите само за да разгледате, туку ќе се упатите наменски за да потрошите пари со сигурност.


2. Ја користат конфузијата и хаосот во распоредот

Дали некогаш сте се нашле во лавиринт од кој не можете да излезете? Тоа не е грешка при организирањето на просторот, туку точно испланирана грешка која ќе ве натера да разгледате повеќе отколку што сте планирале, па и да посегнете по нешто што не ви е неопходно во моментот.


3. Го користат мирисот на храна

Икеа знае дека најлесен начин да дојде до вашите пари е да допре до вашиот желудник. Мирисот на храна често пати делува како дрога која ве тера да трошите. Затоа не случајно рестораните се сместени во центарот на лавиринтот.


4. Познатиот „Икеа ефект“

Фактот дека мебелот купен во Икеа можете сами да го составите ве тера да се чувствувате корисно и паметно. Без оглед на тоа дали полицата ќе ја спојувате со часови и на крајот нема да излезе како на сликата, чувствувате успех. Заради тоа системот „направи сам“ во маркетиншките кругови започна да добива второ име - „Икеа ефект“.

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни та...
Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле „Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg