Совети од руски психолог: Ослободете се од негативноста со помош на 3 прашања
Кога ќе ве обземат црните мисли, негативноста и тешкотиите, отфрлете ги барем за неколку секунди користејќи ја оваа техника на руски психолог.
Имате 2 избори: да се фатите за работа и да го решите проблемот или само да очајувате.
Ова е руската техника со која лесно ќе ги надминете црните мисли.
Таа е едноставна, а ќе ве изненади колку е ефикасна.
Во тмурните денови и моменти доволно е само да си ги поставите овие 3 прашања:
1. Кој си ти?
2. Што сакаш од мене?
3. Кој те прати?
На овој начин лошите мисли ги третирате како негативна енергија која ви е наметната од надвор, без да и дозволите да го генерализира вашето расположение.
Авторот на техниката советува дека овие прашања треба постојано да ги имаме на ум.
Покрај основните 3, овие исто така може да ви помогнат:
1. Кому му е потребна мојата болка?
2. Кому му е потребен мојот страв?
3. Кој се храни со моето патење?
Овој третман на црните мисли ќе ви донесе олеснување, советуваат оние кои до сега го испробале.