Совети за препишување!
-->
Ве мрзи да учите, а утре правите тест, полагате испит или имате колквиум? Како да добиете супер оцена без да учите? Пак се одлучивте да поминeте на...
...полесниот пат? Старото добро драгоцено препишување! Постојат навистина многу начини како да се снајдете, a еве неколку идеи собрани на куп:
-->
1. Најдете ги тестовите:
- Влезете во канцеларијата на професорот и пробајте да ги најдете тестовите.
- Доколку ги пишува на училишен компјутер, прочепкајте низ него со помош на Search и барајте ги сите .doc фајлови.
- Следете го професорот, а доколку знаете каде живее одете во најблискиот фотокопир и потплатете му да ви направи и вас копија.
- Платете некој друг да ги направи претходно наведените работи!
2. Препишувајте од соученикот
- Седнете секогаш до некој кој сигурно го има научено материјалот. Ако има различни групи, пробајте да ги смените тестовите со некој друг, додека ги дели професорот останатите.
- Преправајте се дека ви паднало пенкалото, а потоа дека не можете да го најдете. Колку толку измеѓу ќе успеете да препишите нешто.
- Одете до катедрата на професорот за да го прашате нешто нејасно, а во меѓувреме ѕирнете низ тестовите на останатите.
3. Ливчиња за препишување
- Клупа - Со молив пред часот напишете ги најважните работи. Секогаш имајте и гума во близина, па доколку помислите дека ќе ве фати професорот, ќе можете се да избришете. Доколку сте девојка со бујни гради напишете на крајот од клупата, па доколку професорот се доближува едноставно покријте го напишаното со градите.
- Столица - Исто како и на клупата, но овој пат напишете на столчето пред вас. Тешко дека некој ќе забележи, а можете да имате добар поглед.
- Рацете - Испишете ги вашите раце со најпотребните информации. Носете блуза со долги ракави, па така ќе можете лесно да ги покривате испишаните раце.
- Дланките - Исто како и на рацете испишете ги дланките, се разбира од внатрешната страна.
- Нозете - Доколку сте девојка испишете ги нозете, или залепете ливчиња за препишување на нив. Ставете не многу долга сукња и подкревајте ја за да видите. Професорот сигурно нема да ви ја крене сукњата само за да види дали препишувате. А, ако случајно ве обвини дека препишувате, наречете го перверзењак и како таков обвинете го пред останатите.
- Блуза - Ставете го ливчето под крагњата на вашата блуза.
- Ноктите - Иако нема доволно место, сепак со тенок фломастер, можете на ноктите да ги напишите најтешките формули, зборови итн. Доколку професорот се доближува, преправајте се дека размислувате и ги гризете ноктите. Ако ситуацијата се влоши, излижете го фломастерот. Девојчињата кои имаат долги нокти (или лажни нокти) можат истата техника да ја користат на внатрешноста на ноктот.
- Кравата - Носете кравата и напишете разни работи на внатрешната страна. Кога можете свртете ја и набрзина препишете.
- Ремен - Залепете ливчиња за препишување на вашиот ремен. Најдете ремен со голема тока. Ливчињата залепете ги обратно, па кога ќе седите лесно ќе можете да гледате.
- Рачен Часовник - Залепете мало ливче на вашиот рачен часовник. Преправајте се дека гледате колку е часот. Носете исклучиво блуза со долги ракави!
- Ливче - Додека професорот ги дели тестовите извадете препишувачко ливче и испишете ја целата содржина на вашиот тест. Кога ќе завршите со тестот, едноставно исшкртајте ја препишаната содржина. Доколку немате доволно време, препишувачкото ливче кријте го под тестот.
- Пенкало - Залепете ливче околу или во пенкалото. Денес има најразлични пенкала со разни календари и сл. Заменете ги со ливчиња за препишување.
- Палома - Преправајте се дека сте настинати. Носете палома шамивчиња а на нив испишете ги сите потребни информации! Доколку мислите дека професорот ќе ве фати, издувајте го носот со нив. Сигурно дека нема да земе да проверува дали имате нешто напишано!
- Проѕирни ливчиња - Наместо обична хартија купете тенка проѕирна пластика за печатење, која сигурно ја има во најблиската книжара.
- Печатени ливчиња - Наместо да ги пишувате со рака, напишете ги на компјутер и испечатете ги вашите ливчиња за препишување. Така ќе можете да внесете повеќе информации и истите ќе бидат многу посредени и почитки.
- Скенер - Доколу имате скенер можете да ги скенирате цели лекции, повеќекратно да ги намалите и истите да ги испечатите. Користете технологија.
- Калкулатор - Некои калкулатори можат да запишуваат текст или формули.
- Рачен Часовник - Има часовници кои можат да запишуваат текст и сл.
- MP3 Плеер - Претходната вечер снимете се што ви е потребно за тестот, а потоа распоредете го во различни MP3 фајлови. Ставете ги на вашата MP3ка и од под блузата протнете ги слушалките. Доколку имате долга коса, помала е забележливоста.
- Мобилен Телефон - Информирајте се за најефтината тарифа за долги разговори. Најдете доброволец кој ќе ви помогне преку телефон. Јавете му се уште пред испитот, а претходно поставете ги слушалките и микрофончето слично како и кај МР3 плеерот. Доколку имате долга коса можете да користите и Bluetooth слушалка.
Некој ваш совет да додадете?
-->
-->
Би можело да ве интересира:
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство
Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни
Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото)
Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото)
Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
Магијата на женското пријателство: Илустрации кои ќе ги разберат само најдобрите пријателки
Од детска игра, до заеднички подготовки за излегување во младоста, преспивања ед...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите
Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
-->