10 работи кои добро звучат теоретски, но во реалноста се невозможни

Колку пати сте имале најразлични замисли, цели, идеи кои сте длабоко уверени дека би било супер да се реализираат и на крајот се разочарувате?

10-raboti-koi-dobro-zvucat-teoretski-no-vo-realnosta-se-nevozmozni-01

Сите идеи се лесни и изводливи теоретски кога се замислуваат.

Но, она што се покажува во реалноста не можеме или не сакаме да го предвидиме, па затоа често се разочаруваме.


1. Филмски маратон

Теорија: 12-часовно гледање на сите делови од „Lord of the rings“ со многу пуканки.

Реалност: Веројатно ќе успеете само 2-3 часа да гледате и ќе заспиете или ќе ви текне на нешто поинтересно.


2. Чување милениче

Теоретски: Ќе имате слатко милениче кое ќе ве сака повеќе од кој било друг и секогаш ќе ви прави друштво.

Реалност: Ќе ви прави и многу неред, ќе остава траги зад себе и вие ќе треба да ги собирате и чистите.

10-raboti-koi-dobro-zvucat-teoretski-no-vo-realnosta-se-nevozmozni-7.jpg

3. Специјална вечера

Теоретски: Не сакате да јадете ништо 24 часа затоа што се подготвувате за специјалната вкусна вечера, на која ќе изедете сè и тоа ќе се памти.

Реалност: Не успевате да издржите, поткаснувате цел ден по малку од сè и кога доаѓа моментот за вечера веќе сте презаситени.


4. Филм според книга

Теоретски: Додека ја читате книгата веќе имате своја замисла во главата и мислите дека би било супер да се сними филм во кој ќе се пронајдете.

Реалност: Филмот не е ни блиску добар како книгата и се каете што воопшто сте го гледале.

10-raboti-koi-dobro-zvucat-teoretski-no-vo-realnosta-se-nevozmozni-3.jpg

5. Апокалипса

Теоретски: Замислувате како со најдобрите пријатели се борите со некои чудовишта, успевате да се спасите или доживувате некои авантури додека се спасувате.

Реалност: Умирате сите во еден ден.


6. Нови цели во новата година

Теоретски: Си поставувате нови цели за промена и очекувате оваа година да бидете сосема нова личност.

Реалност: Веќе поминува јануари, а вие не се ни сеќавате какви цели сте си поставиле, а уште помалку имате намера да ги исполните.

10-raboti-koi-dobro-zvucat-teoretski-no-vo-realnosta-se-nevozmozni-6.jpg

7. Гледање смешни видеа со пријателите

Теоретски: Очекувате дека листата од видеа кои ги одбравте ќе бидат супер забава кога ќе се соберете со пријателите и цела вечер ќе се смеете.

Реалност: Веројатно само вам ви се смешни, а другите се досадуваат или немаат смисла за хумор.


8. Здрава храна

Теоретски: Органска или безглутенска храна ви звучи модерно, здраво и некако специјално.

Реалност: Има одвратен вкус во споредба со пицата и ве чини двапати повеќе од останатата храна.

10-raboti-koi-dobro-zvucat-teoretski-no-vo-realnosta-se-nevozmozni-2.jpg

9. Лакирање нокти

Теоретски: Со еден потег сакате совршено налакирани нокти со интересен маникир на кој сите ќе ви завидуваат.

Реалност: Само ако потрошите 2 часа седење додека ви ги направат, да не фаќате ништо и на крај да платите, може да имате совршени нокти.


10. Учење странски јазик онлајн

Теоретски: Одите првпат во Италија, седнувате пред компјутер и за 3 дена учење преку интернет, ви се чудат Италијанците колку добро го зборувате нивниот јазик.

Реалност: Знаете да кажете: Buongiorno, Scusi, Pizza, Grazie, Ciao, но не можете ниту една реченица да поврзете.

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg