Како да ја исперете јакната во машина за перење?
Откако ја износивте јакната веќе неколку месеци, време е темелно да ја исчистите. Но, како да го направите тоа без да ја уништите?
Добрата вест е што не мора секој месец да ја носите на хемиско чистење, туку можете да ја исперете дома во машина за перење.
Совети пред перење:
- Јакната треба да ја перете исклучиво на 30 степени на режим рачно перење или перење на чувствителна облека.
- Пред перењето задолжително закопчајте ги сите копчиња и патенти.
- Јакната со пердуви треба да ја цедите на минимална брзина на центрифугата.
- Јакната со пердуви исто така треба да ја перете исклучиво со течен детергент затоа што прашокот ќе се залепи.
Упатство
1 чекор: Во машината заедно со јакната ставете неколку тениски топчиња. Со нивна помош перјата нема да се залепат за време на перењето. Вклучете ја машината на препорачаната програма.
2 чекор: Откако машината ќе заврши, извадете ја јакната и закачете ја на стол или закачалка и оставете ја да се исуши на топол воздух, но не директно на сонце за да не избледи.
3 чекор: Повремено, протресете ја јакната додека се суши и е сè уште влажна.
Би можело да ве интересира:





