Лаги кои си ги кажуваме во пијана состојба: Легенда сум!
Малку повеќе смешни, но сепак вистинити, секој човек барем еднаш си ги има кажано овие неколку реченици во пијана состојба за кои наредното утро сфаќа дека сепак се лаги.
Проверете дали истите си ги кажувате и вие.
- Не сум пијан/ а, убаво ми е!
- Навистина не сум пијан/ а, време е да порачам и уште едно.
- Но, дали ќе го издржам?
- Нели не бев пијан/а?!
- Не е важно, музиката е топ, а јас се движам како никогаш досега.
- Сите ме гледаат мене.
- Другарот/дргарката ми испрати предизвикувачки поглед или само ми се причинува?
- Па, што ако... Згоден/згодна е!
- Но, чекај јас сум во врска...
- Не би го изневерил/а партнерот...
- А да му испратам порака дека го/ја сакам?
- Сепак не, нека се мисли што правам цела вечер!
- Ќе издржам, не сум пијан/а!
- Како доказ за тоа ќе порачам уште едно.
- Келнецхф...
- Зошто не можам да зборувам правилно?
- Само што се изглупирав пред друштвото...
- Баш ми е гајле!
- Леле, ене го/ја бившиот/бившата!
- Одам до тоалет, ќе го изодам тоа едно метро па што сака нека биде!
- Се манав во вратата, ништо страшно, не виде никој.
- Бившиот/бившата е глупак/глупача невидена, супер што раскинавме.
- Но, зошто да раскинеме кога се беше во ред, (пцовка)...
- Се вратив без да паднам, браво за мене, знаев дека не сум пијан/а.
- Ја обожавам музиката иако не слушам вакви песни.
- Се движам подобро и од Џеј Ло, сите ме гледаат мене повторно.
- Што ако не отидам на работа утре, баш ми е гајле!
- Сигурно не мирисам на алкохол, а ниту пак изгледам како да сум во пијана состојба.
- Легенда сум!
- Толку сум трезен/ трезна што можам да си одам и пешки до дома.
Кои лаги си ги кажувате вие кога сте пијани?