Суеверија кои ве прават среќни и без да верувате во нив!

Постојат лоши и добри суеверија во кои веруваме според сопствен избор, но постојат исто така и суеверија кои сами по себе нè прават среќни и без да веруваме во нив.

7-sueverija-koi-ve-pravat-srekni-i-bez-da-veruvate-vo-niv-1

Ова се 7 од нив кои сигурно ве израдуваат и вас без да верувате во нив,

Детелина со четири листа

Добро познатата детелина со четири листа е симбол за неизмерна среќа која ќе ве следи во животот. Доколку некогаш ја имате пронајдено секако дека знаете какво е чувството иако можеби не верувате во нејзината сила.


Измет од птица

Не постои човек кој го нема искусено овој момент кој секојпат ве прави да се чувствувате како да сте добиле на лото. Без разлика дали на рамото, главата или прозорецот, изметот од птица сепак прави да се чувствувате радосни потсвесно верувајќи дека ве следи среќа цел ден.


Цагер

Некој ве сака точно на полноќ, некој мисли на вас во десет часот и десет минути и така натаму со значењето на цагерите. Иако ви звучат глупаво сепак постои оној момент кога ќе погодите цагер на часовникот кој ве прави да се чувствувате среќно и надежно и без да верувате во него.


Паричката во питата

Сте ја добиле паричката, но ве следела лоша среќа цела година, па затоа оваа година не верувате во неа. Но, иако си мислите така нема шанси да не се израдувате кога ќе ја погледнете како ви намигнува во питата пред вас. Среќата е неизмерна иако се убедувате дека не е така!


Бел пајак

Сакате да го убиете, но не го правите тоа. Некој рекол дека бело пајаче во домот значи среќа за домот и добра благосостојба за семејството, а вие секако не сакате да го спречите тоа дејство убивајќи го пајакот. Доколку не верувате сè уште, наредниот пат кога ќе го видите до некое ќоше, обидете се да го убиете. Само ќе се обидете, точно!

7-sueverija-koi-ve-pravat-srekni-i-bez-da-veruvate-vo-niv-2

Бело влакно

Едно бело влакно ако го скубнеш, ќе се појават десет во негова замена. Ова не е точно, бидејќи белото влакно симболизира среќа, колку повеќе бели влакна, толку поголема среќа. Доколку ви се појави бело влакно над веѓата, подбрадицата или на некое необично место, не кинете го, којзнае можеби среќата ќе ви се насмевне кога ќе го види.


Благослов

Сигурно секој од вас се соочил со бездомниците кои ќе ви дадат сто благослови само за една паричка. Можеби не верувате во нив, но секако дека ќе ви го разубават денот кога ќе ви речат  - “Дај боже да си со тој што го сакаш цел живот!”

Во кое суеверие за среќа верувате вие?

Би можело да ве интересира:

10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg