Бидете им идол на вашите пријатели!

За да му бидеш идол на некого, посебно на блиска личност како што е пријателот, потребно е да си добра личност која што знае што сака и ги сака луѓето такви какви што се, но сепак има свое јас.

bidete-im-idol-na-vasite-prijateli-2

Еве што треба да направите за на вашите пријатели да им бидете еден идол кој ќе посакаат да го имаат засекогаш во својот живот.

Имајте емпатија и разбирање, но...

...не секогаш бидејќи во моментите кога е потребно да удрите шамар, никогаш не треба да лажирате искрен допир. Верувајте, вашите блиски го чувствуваат тоа. Емпатијата и разбирањето сочувајте ги за ретки случаеви во кои е неизбежно да се применат, бидејќи во спротивно вашите пријатели ќе мислат дека ги жалите постојано.

Бидете искрени и дајте му суров совет!

Кога ваш пријател има проблем и бара ваш совет, наместо да демонстрирате оптимално решение, бидете искрени и дајте му суров совет кој ќе го насочи кон максималното решение што ќе го реши неговиот проблем на најдобар начин.

Тежнејте кон едногласност, но издвојувајте го сопствениот глас во друштвото

Во моментите кога има можност за компромис, направете го и останете сложни и едногласни, но во тешки моменти кога вашето друштво се плаши да превземе чекор, издигнете го сопствениот глас и водете ги пријателите кон правилниот пат. Верувајте со тоа ќе добиете поголема почит, восхит и доверба од вашето друштво кои никогаш нема да умрат.

Заминете случајно, но вратете се намерно!

Во животот можеби ќе се разделите од пријателите, но доколку пријателството било вистинско кое никогаш нема да умре, вие секогаш ќе знаете дека тие се тука за вас, а исто и вие за нив.

Заминувајте случајно кога чувствувате потреба, но вратете се намерно кога тие ќе чувствуваат потреба од вас.

Бидете како sвездите за вашите пријатели, нека знаат дека не сте тука постојано, но кога ќе падне мрак секогаш се појавувате како нивни идол кој ќе им го осветлува патот!

bidete-im-idol-na-vasite-prijateli-1

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg