Не лутете се, простувајте и насмевнете се!

Доаѓа нов почеток, нова година, нови предизвици, нови познанства и нов живот во кој не треба да влеземе со лут израз на лицето и омраза во срцето.

ne-lutete-se-prostuvajte-i-nasmevnete-se-2

Нека денес биде денот кога ќе им простите на тие што ве повредиле, ќе ги напуштите тие што не ве заслужуваат и ќе ги почестите со вашето отсуство оние што одамна не го заслужувале вашето присуство.

Не држете омраза и гнев во вашето срце бидејќи тоа што е лошо, а го чувате во себе делува на вас како отров кој полека, но сигурно се шири низ вашето тело и ја труе вашата човечност.

Затоа...

Не лутете се, заборавајте!

Заборавот е понекогаш добар  бидејќи ги однесува сите лоши спомени кои го зафаќаат просторот во кој треба да се сместат нови, убави спомени.

Не лутете се, простувајте!

Бидејќи само така ќе си простите себеси што сте дозволиле да ве налутат и изиграат. Прошката е одлика само на силните!

Не лутете се, насмевнете се!

И онака не може да сторите ништо во врска со тоа, затоа само искористете ја насмевката на вашето лице за луѓето да се прашуваат зошто сè уште се смеете и покрај сите проблеми!

Не се сите способни да го сторат ова, кога би било лесно сите би го направиле!

Но, не е лесно, туку е тешко што само оние кои се вистински силни може да го издржат овој товар. Товарот на заборавот, прошката и насмевката наместо над грб, поставете го до вас и фатете ги за рака заборавот и прошката, насмевката ставете ја на усните и не тргајте ја по ниедна цена.

Само така нема да бидете заробени во болка и тага поради лутината и гневот, туку ќе уживате во слободата на простувањето и заборавањето со насмевка!

Не лутете се, простувајте и насмевнете се!

ne-lutete-se-prostuvajte-i-nasmevnete-se-3

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg