Зошто постојат вереничките прстени? Причината ќе ве изненади

Вереничките прстени очигледно е дека се многу повеќе од еден прекрасен дијамант. Тие го симболизираат бракот и вечната љубов. Но, изгледа дека традицијата и историјата зад овој прстен е помалку романтична отколку што очекувавте.

zosto-postojat-verenickite-prsteni-pricinata-ke-ve-iznenadi-01.jpg

Според едно истражување објавено во магазинот, вереничките прстени оригинално биле симбол кој укажува на невиност, а не на љубов.

Во 1900-те години се очекувало жените да бидат девици пред бракот, па ако мажот ја вери, има секс со неа, а потоа реши дека сака да ја раскине свршувачката, прстенот како доказ и давал право на жената да го тужи својот несуден сопруг.

Ова правило дури било запишано како закон.

Но, во 1930-те работите почнале да се менуваат, а законот започнал да не се почитува, па со текот на времето се променил.

Нешто подоцна, владеело мислење дека е многу поважно жената да биде економски и финансиски заштитена, заради што вереничкиот прстен добил ново, повторно не толку романтично значење.

Поточно, жената која на раката носела прстен била материјално заштитена од можниот банкрот при раскинување на свршувачката. Се сметало дека прстенот е нејзина сопственост и може да го продаде за да се спаси од финансиските загуби по бракот.

Романтично?!

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg