5 предлози за книги кои ќе ве згреат оваа зима

Книгата е секогаш добар избор во зимските, тмурни денови кога ќе ве нападне здодевноста и самотијата.

5-predlozi-za-knigi-koi-ke-ve-zgreat-ovaa-zima-01.jpg

Освен што таа ќе ве внесе во нов свет исто така и ќе ги згрее вашите раце со своите корици, како и вашата душа со своите зборови.

Ова се 5 предлози за книги кои може да ги сместите оваа зима во вашата домашна библиотека и да оставите истите да ве згреат на начин на кој тоа може да го направи само книгата.

„Пред да заспијам“ - Стивен Вотсон

Роман кој ќе ве освои со својата колуминација. Се работи за жена која секое утро го губи помнењето и не се сеќава на тоа што го правела во минатото, но зад сето тоа се крие трилер пресврт кој треба сами да го откриете. Авторот на ова извонредно дело според кое е снимен и филм со истиот наслов се вика Стивен Вотсон.


„Ноќниот воз за Лисабон“ - Паскал Мерсие

Книга  на Паскал Мерсие во која се раскажува за млад професор по хебрејски јазик кој на сред предавање во факултетот го напуштил истиот засекогаш заминувајќи во Лисабон во потрага по нов, возбудлив живот според биографијата на друг човек. Остатокот дознајте го сами...

5-predlozi-za-knigi-koi-ke-ve-zgreat-ovaa-zima-4.jpg

„Руска зима“ - Дафне Калотеј

Романот на Дафне Калотеј е делумно мистерија, делумно историска авантура и делумно љубовна приказна. Не може, а да не ве привлече читајќи ја кратката содржина. Романот се движи назад и напред низ времето, што ќе ве натера да се соживеете со секој настан во неа.


„Прељуба“ - Пауло Коелјо

Најновата книга на светскиот писател Пауло Коелјо која досега е прогласена за негово најдобро дело. Се работи за жена во која е несреќна во својот брак и се обидува да ја убие самотијата превземајќи чекор што ќе го уништи нејзиното семејство, останатиот дел од приказната верувајте вреди да го прочитате!


Колекцијата романи на Линдзи Келк

Доколку сè уште немате слушнато за неверојатната млада писателка Линдзи Келк време е да ја запознаете преку нејзината колекција на книги кои започнуваат со два исти зборa – Го сакам Њујорк, Париз, Лас Вегас и многу други кои откриваат различни лудории кои вреди да се прочитаат.

5-predlozi-za-knigi-koi-ke-ve-zgreat-ovaa-zima-5.jpg

Одберете една од овие 5 книги или купете ги сите и уживајте во нивните приказни во студените денови кои следуваат!

 

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg