Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 правила за вистински џентлемени

Вистина е дека некој се раѓа со карактеристиката на џентлмен, но уште поголема вистина е дека истата лесно се усовршува.

15-pravila-za-vistinski-dzentlemeni-01.jpg

Водејќи се по овие 15 правила, разбудете го џентлменот во вас уште денес:

1. Џентлменот мора да знае како да подготви совршени тестенини за половина час и сочен омлет дури и во 7 часот наутро.

2. Вистинскиот џентлмен откажува веќе договорен состанок само во случај на болест, смртен случај или природна катастрофа.

3. Секој џентлмен во гардероберот има по едни црни класични чевли на врзување.

4. Џентлменот никогаш не јаде/пие/пуши додека вози или додека е на совозачкото седиште.

5. Вистинскиот џентлмен никогаш не закажува состанок со жена само затоа што е очаен и попрво би седел со неа, отколку сам.

6. Вистинскиот џентлмен секогаш знае да прифати „Не“ како одговор уште првиот пат кога ќе го слушне – без понатамошно објаснување и притискање.

7. Џентлменот е свесен дека не треба да поставува прашања, туку да приредува изненадувања. Пријатни, се разбира.

15-pravila-za-vistinski-dzentlemeni-03.jpg

8. Џентлменот е свесен дека една порака е сосема доволна, без препраќање на истата или постојано јавување на 10 минути.

9. Вистинскиот џентлмен кога е на важен состанок, во кино, театар или отмен ресторан, знае дека мобилниот треба да е ставен исклучиво на вибрации или потполно исклучен.

10. Освен ако нема добра причина за тоа, правиот џентлмен никогаш не се појавува ненајавен.

11. Еден џентлмен секогаш знае како да ги направи луѓето да се чувствуваат пријатно кога се во негово друштво.

12. Џентлменот дефинитивно не е личноста која ја истура својата нервоза врз свирката во автомобилот.

13. Правиот џентлмен во секој момент во автомобилот има барем еден чадор. И не се срами да го сподели со оние на кои им е неопходен.

14. Дури и ако живее потполно сам, вистинскиот џентлмен никогаш нема да живее во хаос.

15. Вистинскиот џентлмен се познава по совршено обликуваната брада, свежо поткастрената коса и палтото кое стои како слеано за него.

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg