Приказна која секоја жена треба да ја прочита: Имам 45 години и конечно знам дека сум секси!
Како дама со некој килограм плус, Ел Чејс признава дека отсекогаш имала проблем да го пронајде совршениот фустан или фармерките кои идеално и прилегаат, затоа што никако не се вклопува во стандардите за женска убавина.
Својата животна приказна за соочувањето со сопственото тело неодамна ја сподели на својот блог.
„Пред неколку години кога конечно одлучив повторно да му се посветам на својот љубовен живот по разводот, морав да се соочам со своето тело. Дури и во текот на тинејџерските денови верував дека моето тело не е неодоливо, што сега беше многу поуверливо.
Жените кои владеат важат за прекрасни и згодни, а јас имам вишок килограми, масни наслаги и поголеми облини.
Интересно е што сите жени кои ги познавам ги презираа своите пропорции, ако не и целото свое тело. Ни јас не сум поинаква.
Кога во 40-те години се разведов од мојот сопруг и влегов во нова љубовна авантура, се соочив со дебела препрека на срам од самата себе и омраза кон моето тело. Иако чувствував дека тој физички ме посакува, мојот мозок не можеше да разбере зошто. Не ми беше јасно како можев да му бидам привлечна.
Кога за прв пат бевме интимни, не ја соблеков ноќницата, надевајќи се дека така нема да го забележи моето сало. Постојано во главата ми се вртеа мисли колку сум грозна, и покрај неговите комплименти и признанијата дека моето тело го завело.
Но, тоа не ми беше доволно - понижувањата кои со години ги доживував од другите во тој момент победија. Некои сеќавања само го подгреваа стравот во мене.
Кога конечно бев доволно ослободена за да се соблечам пред него и да застанам потполно гола, морав да го прашам како воопшто можам да му се допаѓам и да ли отсекогаш го привлекувале покрупни жени.
Неговиот одговор за мене беше револуционерен!
Ми објасни дека обликот на телото и пропорциите немаат ништо со тоа дали некоја жена го привлекува или не. За него, самата женска појава се базира на тоа како таа ја изразува својата сексуалност. Кога жената е свесна дека е сензуална појава, тоа е нешто што потполно го освојува.
Неговиот одговор го промени моето уверување. Морав, заради самата себе, да го редефинирам сопственото убедување дека не сум привлечна. Морав да почнам да го прифаќам телото кое ми беше дадено.
Заклучив дека сексуалноста е дел од човечкото искуство. Таа постои, ви се допаѓало тоа или не, баш како што постои одредена боја на очи или облик на тело.
Фактот дека сум дебела (да, баш дебела) всушност не е навреда и тоа не треба да влијае на мојата личност и фактот колку вредам.
Пред сè сум човек, а потоа жена, што не може да се промени врз основа на мојот физички изглед.
Сега сум свесна дека сексуалното уживање е право на секое човечко суштество, а не само на убавите жени со совршено тело.
За среќа сега во своите средни години сум со партнер кој го разбира тоа, па можам да живеам посреќен и поисполнет сексуален живот.“
Би можело да ве интересира:





