Ситуации во кои не треба да користите влажни марамчиња
Влажните марамчиња иако се многу флексибилен додаток кој секогаш ни се наоѓа при рака, понекогаш може да направат штета со хемикалиите кои ги содржат во себе.
Кога се работи за чистење на раце или бели патики нивната употреба е во ред, но постојат и ситуации во кои треба да избегнувате нивно употребување, а ова се неколку од нив.
Чистење на црни чевли или патики
За разлика од белите патики на кои нема да се забележи разлика, чистењето на црни патики, чевли или штикли може да предизвика нивно избелување на одредени места. Посебно доколку се работи за обичен материјал, а не кожен.
Чистење на облека во боја и мебел
Доколку забележите дамка од парфем или дезодоранс на вашата облека во боја или дамка на мебелот во вашиот дом, подобро ќе биде истата да ја отстраните со крпче натопено во вода отколку со влажно марамче, бидејќи истото ќе остави бела дамка врз облеката и мебелот.
Замена за тоалетна хартија
Доколку одвреме - навреме употребувате влажно марамче наместо тоалетна хартија, веднаш одвикнете се од тоа бидејќи алкохолот во обичните марамчиња може да ја изиритира кожата на интимната зона, а исто така и да предизвика безопасна инфекција. Но, зошто да лечите, кога може да спречите навреме со користење на влажни марамчиња наменети специјално за интимната зона.
Чистење на шминките
Многу девојки ја одржуваат хигиената на нивните козметички производи за лице и шминките со влажно марамче. Подобро истото направете го со обично крпче или пак при чистењето на секој производ менувајте го марамчето бидејќи доколку користите само едно во целиот процес бактериите лесно ќе ги пренесете на сите шминки.
Чистење на лицето
Имате навика да го чистите лицето со влажно марамче мислејќи дека тоа е во ред? Многу грешите, наместо да користите секојдневни влажни марамчиња добро би било да набавите специјални марамчиња за чистење на лице кои во себе содржат масло за омекнување на кожата и се безалкохолни.
Исто така доколку ја исчистите шминката со обично влажно марамче пред спиење, големи се шансите да не ја отстраните темелно и наредното утро да се соочите со митесери предизвикани од преостанатите нечистотии на кожата.