Како да изгледате совршено на секоја фотографија?
Без разлика дали сакате некому да испратите слика, да ја објавите на Фејсбук или да направите добра фотографија за во некој албум, важно е да знаете како точно да се наместите, каква поза да направите, што треба да истакнете, а што да сокриете.
Но, понекогаш се случуваат и неочекувани, случајни и брзи фотографирања во кои треба веднаш да знаете како да застанете и на што да внимавате, бидејќи немате многу време за местење, а не сакате да завршите со некоја смешна фаца.
Токму затоа, треба да извежбате некои техники:
Навалување на главата
Фотографите секогаш советуваат кога се позира да се свитка сè што може. Наместо да се вртите право кон камерата, направете мало навалување на телото, бидејќи така ќе делувате послабо. Истото важи и за рацете, главата, нозете... Наместо да ги држите право, накривете ја главата, прекрстете ги нозете, а рацете благо свиткајте ги.
Протресете ја косата
Ако немате време да ја поправите фризурата, поминете лесно низ косата или само растресете ја за да добиете повеќе волумен.
Руменилото е важно за девојките
Оние девојки кои се шминкаат, знаат дека руменилото има магичен ефект на лицето и му дава поздрав изглед. За оние кои не се шминкаат, ако сакате да користите само еден козметички производ, нека биде тоа руменило.
Подигната брада
Покрај малку навалената глава, постои уште еден трик кој фотографите секогаш го советуваат. Ако ја спуштите брадата имате поголеми шанси да излезете како да имате подбрадок, додека подигнатата брада може само да го издолжи лицето.
Обрнете внимание на нешто друго
Ако баш и не ви е денот, ниту моментот за фотографирање, тогаш оттргнете го вниманието од лицето или фризурата, така што ќе се завртите околу себе и ќе пронајдете некој интересен предмет. Приближете го предметот до лицето и сите ќе гледаат во тоа, наместо во вас.