5 начини како повторно да зрачите со самодоверба

Истражувањата докажуваат дека тоа што постојано ги потенцирате своите маани е всушност нездрава навика, која дури може и да го промени вашиот физички изглед.

5-nacini-kako-povtorno-da-zracite-so-samodoverba-001.jpg

За да не западнете во замката на самокритиката, почнете да ги почитувате овие 5 правила:

1. Движете се

Одамна е докажано дека било кој вид на вежба ја зголемува самодовербата. Таа не зависи од начинот на кој вежбате или времето кое го трошите во теретана, туку од самата одлука да започнете со некоја активност.


2. Слушајте го телото

Колку често сте сконцентрирани на начинот на кој вашето тело функционира, толку помалку ќе се грижите за неговата надворешност. Практикувајте јога или медитација со чија помош ќе се сконцентрирате на своите внатрешни процеси.


3. Не зборувајте лошо за себе, ниту за другите

Поголемиот дел од жените мислат дека самокритиката е безопасна, па дури и корисна. Всушност, во моментот кога имате негативни мисли, започнуваат да се јавуваат негативни слики за вашето тело, толку е едноставно. Затоа, обидете се со комплименти.

5-nacini-kako-povtorno-da-zracite-so-samodoverba-1.jpg

4. Поработете на говорот на телото

Секој пат кога ќе се подгрбавите, ќе ги прекрстите рацете или ќе се загледате во под, објавувате дека немате самодоверба. Обидете се со вежба да ја подобрите таа слика. Одете исправено, додека зборувате со некој стегнете го грбот, насмевнете се и употребувајте ги рацете. Така ќе покажете дека сте сигурни и отворени за дружба.


5. Чувствувајте се подобро уште денес

Пред сè исфрлете ги сите ситници кои ви ја нарушуваат самодовербата. Тука спаѓаат старите фармерки во кои не ве собира, но и игнорирање на профилите кои ја пропагираат совршената убавина. Ако ве мачат килограмите - скријте ја вагата. Наместо тоа, оставете си охрабрувачки пораки на огледалото.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg