Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпопуларниот свештеник вози мотор, слуша хип-хоп и тетоважите му ги посветува на Бог!

Роб Поупџој е горд што не е само обичен свештеник како сите останати. Овој 30-годишник со долга густа брада има десетина тетоважи на телото со религиски мотиви кои му ги посветува на Бог.

najpopularniot-svestenik-se-vozi-so-motor-slusa-hiphop-i-tetovazite-mu-gi-posvetuva-na-bog-01

Тој смета дека на овој начин повеќе се доближува до народот и до сите млади кои претходно поинаку и погрешно ја сфаќале или отфрлале религијата.

„Се обидувам да ги правам работите поинаку. Ја претставувам религијата и сметам дека треба да се предизвика традицијата за да ја одржиме верата свежа и примамлива за сите. Може да бидете религиозни, но и да бидете она што сакате. Општо е прифатена заблудата дека црковните луѓе се посвети од обичните, но јас сум едноставно јас“. – раскажува Роб.

Покрај тетоважите, овој свештеник има и необични хобија како сноубординг, рагби и слушање хип-хоп музика. Во согласност со тоа, како превозно средство користи мотор или скејтборд.

Необичниот начин на живот му донесе популарност на Роб за каква не се ни надевал, но и понуди за фотомоделство.

„Супер е тоа што луѓето ме доживуваат и гледаат поинаку, како и позитивните критики што ги добивам, но не планирам да ја напуштам својата професија, поради манекенска кариера“ – одговара Роб.

Погледнете ги фотографиите на овој уникатен свештеник:

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg