Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто ви смрдат нозете?

Причината поради која нозете смрдат е потта и бактериите кои се развиваат и произведуваат смрдливи масни киселини.

zosto-vi-smrdat-nozete-01

Познато е дека бактериите кои го иритираат стапалото настануваат во топли и влажни подрачја како што се местата меѓу прстите, може да доведат до уште поголемо изразување на непријатниот мирис.

Чистете го делот помеѓу прстите

Ако кожата меѓу прстите ви е влажна и црвена, веројатно имате некоја габична инфекција, односно атлетско стапало. Побарајте во аптека спреј против габички. Користете го 20-тина дена откако ќе исчезнат симптомите. Ако не успеете да го решите проблемот, посоветувајте се со лекар.


Чорапи

Не смеат да бидат претесни и важно е да ги менувате секој ден. Идеален состав на материјалот за чорапи е 60-70 отсто волна во комбинација со 40-30 отсто додадени влакна. Избегнувајте ги чорапите кои се 100 отсто памучни бидејќи тие не ја впиваат влагата, па стапалата постојано ќе ви бидат влажни.

zosto-vi-smrdat-nozete-1.jpg

Обувки

Избегнувајте да носите патики подолг период во денот бидејќи поради синтетиката брзо создаваат непријатен мирис. Купете си влошки кои ќе ги ставите во чевелот, но ќе ги перете секојдневно. Стручњаците велат дека би било идеално доколку сте во можност да не носите исти обувки два дена по ред, бидејќи така чевлите или чизмите правилно ќе ги исушите.


Спреј за нозе

Може да го купите во аптеките. Некои содржат антибактериски својства кои го спречуваат развојот на бактеријата која ја предизвикува смрдеата.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg