Сите тајни на насмевката кои вреди да се знаат

Насмевката е универзален јазик кој еднакво го разбираат сите светски култури, дури и оние кои се наоѓаат во неистражените краеви на светот.

site-tajni-na-nasmevkata-koi-vredi-da-gi-znaete-1-

Самиот чин на смеење го подобрува расположението, го зајакнува имунитетот и нè ослободува од стресот.

Насмевката навистина има свои супермоќи, а ова се некои од нејзините тајни:

Се смееме и пред да се родиме

Иако бебињата повеќето работи ги учат и преземаат од околината која ги опкружува, сепак смеењето не е една од нив. Бебињата се раѓаат со способноста за насмевка, а тоа јасно може да се забележи со новата 3Д ултразвучна технологија, каде кај некои бебиња повремено се појавува насмевка на лицето уште пред да се родат.


Сите се смеат

Насмевката е една од основните биолошки изрази кај сите луѓе, а во сите светски култури таа има единствено значење.


Насмевката е најчест тип на комуникација

Насмевнатото лице е најпрепознатливиот израз на светот, а истиот може да се препознае на оддалеченост од 100 метри. Освен што оваа емоција е најпрепознатлива, таа е и најчеста. Децата се смеат дури до 400 пати дневно.

site-tajni-na-nasmevkata-koi-vredi-da-gi-znaete-2

Смеењето е заразно

Дали некогаш сте се запрашале зошто сте насмеани кога сте во друштво на деца? Одговорот е едноставен: Смеењето е заразно, а научниците заклучиле дека испитаниците едноставно немаат контрола над своите мускули во лицето кога некој во нивна близина се смее.


Колку „вреди” една насмевка?

Британските научници откриле дека една насмевка го има истото задоволство како и 2.000 чоколади, односно добивка на 20.000 евра во готовина. :-)


Насмевката носи здравје

Насмевката е убедливо најсилниот лек против стресот, а 15 минутно возење на велосипед е еднакво на 100 насмевки дневно. Освен што го подобрува расположението, смеењето автоматски го намалува нивото на стрес, се бори против инфекции, ја намалува болката и го зајакнува имунолошкиот систем.

Се насмеавте ли денес? 

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg